Што навистина сака Алтернатива за Германија?
30 април 2016Во политичка смисла, работите се одвиваат добро за Алтернатива за Германија. Странката основана во 2013 година во меѓувреме е застапена во повеќе од половина парламенти на германските сојузни покраини. На истокот на земјата според анкетите АФД има поддршка од 20 насто, односно е втора партија според популарноста веднаш зад Христијанско- демократската унија на канцеларката Ангела Меркел. Популарноста на АФД расте со месеци, а на сојузно ниво веќе има достигнато поддршка од 13 проценти, а како главна причина за тоа Институтот за демоскопија од Аленсбах го наведува однесувањето на партиите за време на големиот бегалски бран. „грижите на граѓаните никој во Бундестагот не ги свати сериозно и тоа беше темело за актуелниот успех на АФД“, вели шефицата на институтот, Ренате Кехер.
„Шарена програма“
Во средиштето на интересот на партискиот конгрес во Штудгарт се наоѓа основата програма на АФД. Нацрт-документот опфаќа 74 страници на кои тематски се застапени многу подрачја: Европа („да му се стави крај на експериментот со еврото!“), внатрешна политика („Прогон на криминалните странци и повторно воведување на воена обврска“), надворешна политика( „Односите со Русија се од клучно значење!“), пазар на трудот („Да се затвори Сојузната агенција за труд!“), образование („без посебни права за муслиманските ученици и не за женските квоти“) итн.
Претседателката на партијата Фрауке Петри во март АФД ја нарече „партија на социјалниот мир“. нејзиниот заменик Александер Гауланд говори пак за „партија на обичните луѓе“. Во преамбулата на нацрт-програмата стои „Ние сме либерали и конџервативци“. Што е АФД конечно? политиколозите не гледаат контрадикторност во тие различни изјави/ Причината: АФД во моментов е „хетерогена протестна партија со карактер на движење кое ги собира луѓето“ односно „партија смукалка“. Кусокот на профил притоа не штети, бидејќи партијата сака да допре до бројни групи избирачи. Но сега на таа стратегија би можел да ѝ дојде крајот- откако партијата викендов ќе добие цврста програма.
Околу 200 пријавени делегати во Штудгарт ќе ги дочекаат 1400 страници барања за корекции на програмата. веројатно партискиот конгрес ќе биде прекраток за да се дискутира за сето тоа, може да се чуе од партиската централа. Во Штудгарт би можел да биде ставен крај на внатрепартискиот мир со оглед на тоа што погледите на водечките партиски кадри за тоа во која насока треба да се движи АФД се различни.
Спроти партискиот конгрес водечките политичари на АФД медиумскиот фокус го насочија на темата ислам. Покрај темата „бегалци“, занимавањето со исламот има потенцијал долгорочно да ја преокупира германската јавност- а тоа е добро за популисти како АФД. Едно од најзанимливите прашања спроти конгресот беше, колку интензивен ќе биде антиисламскиот курс на АФД.
Во нацрт-програмата стои: „Исламот не припаѓа во Германија“. Се отврлаат минарињата како „исламистички симболи на владеење“, токму како и повиците за молитва на оџите. АФД бара забрана на бурката а во училиштата и забрана на шамии за учителките и за учениците. Партијата, како што велат нејзините претставници, не сака да го ограничи правото на слободно практикување на религијата, но сака да покрене дебата за „политичкиот ислам“, и а ја преиспита неговата конфорност со Уставот на Сојузна Република Германија.