Абортусот ја вжешти ситуацијата во Полска
31 октомври 2020Во Варшава се одржа досега најмасовниот протест против заострувањето на правото на абортус. Десетици илјади жени и мажи маршираа на улиците на главниот град на Полска, наспроти забраната за собирање донесена поради пандемијата на коронавирус.
„Подготвени сме да се бориме до крај“, изјави коосновачката на организацијата „Штрајк на жените“, Марта Лемпарт. Многу учеснички во протестите носеа плакати на кои стоеше: „Доста е!“ и „Мое тело, моја одлука“. Се извикуваа и пароли против владеачката партија Право и правда (ПиС).
Протестите во Полска траат веќе една и пол недела. Повод беше пресудата на Уставниот суд, со која владата на ПиС доби зелено светло за заострување на законот за аборутс.
Повеќе:
Полска: Политички цинизам среде пандемија
Моравјецки бара крај на протестите за правото на абортус
Полска веќе сега го има еден од најстрогите закони за абортус во Европа. Жените смеат да прекинат бременост само доколку забремениле како последица на силување или инцест, доколку нивниот живот е во опасност или доколку фетусот има тешки аномалии.
Претседателот Анджеј Дуда во меѓувреме најави нов предлог закон. Тој предвидува можност за прекин на бременоста доколку, според лекарската дијагноза, е веројатно дека детето ќе се роди мртво, или дека ќе почине непосредно по раѓањето поради аномалии.