1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Зошто Шолц сака „брзо“ мир во Украина?

Лена Кромал
12 септември 2024

Канцеларот Олаф Шолц смета дека е време да се размислува за мировни преговори меѓу Украина и Русија. Од Берлин, Киев и Москва не мораше да се чека долго на реакции.

https://p.dw.com/p/4kXnR
Германскиот канцелар Олаф Шолц во разговор за телевизијата ЗДФ
Германскиот канцелар Олаф Шолц во разговор за телевизијата ЗДФФотографија: Thomas Kierok/ZDF/dpa/picture alliance

Во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц владее мислењето дека е дојдено  времето за поинтензивни дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Во интервју за германска телевизија ЗДФ емитувано на 8-ми септември, канцеларот Олаф Шолц смета дека „ова е моментот кога исто така треба да разговараме за тоа како може од оваа воена ситуација да дојдеме до мир побрзо отколку што се чини во моментов“. Социјалдемократот не даде никакви конкретни предлози, но се изјасни за учество и на Русија на следниот мировен самит во Швајцарија.

Критики од опозицијата и поддршка од коалицијата

Конзервативната опозиција во Берлин реагираше остро на изјавите на Шолц. „Предлогот на канцеларот е предвидлив бидејќи се вклопува во стратегијата на делови од СПД, Украина многу суптилно да се притисне во од страна на Русија определен привиден мир, на начин што поддршката постепено ќе се намалува и наместо тоа ќе се бараат привидни преговори“, рече демохристијанскиот пратеник Родерих Кизеветер за весникот „Билд“. Неговиот партиски колега Јирген Хард за  весникот „Берлинер Цајтунг“ истакна дека „не може да му се направи поголема услуга на Путин од тоа да сепринудите Украина на преговарачка маса додека тој продолжува да убива во Донбас“ и додадека дека „сите ние сакаме преговори, но агресорот треба да ја запре агресијата“.

Скептични се и Зелените, кои се дел од владината коалиција. Според новинската агенција Дпа, Омид Нурипур во Берлин изјавил дека подготвеноста во Кремљ да има „дискусии на едрамна нога“ не е особено голема. Сепак, потребни се преговори со Русија и во форма на мировни конференции, оцениНурипур, претседателот на Зелените на сојузно ниво.

Родерих Кизеветер предупредува од „лажен мир“
Родерих Кизеветер предупредува од „лажен мир“Фотографија: Kai-Uwe Heinrich/TSP/IMAGO

Скептични се и Либералите. Портпаролот за надворешна политика на ФДП, Улрих Лехте, за „Берлинер Цајтунг“ изјави дека „никогаш не може да има премногу дипломатија“ за неговата партија, но сепак смета дека е малку веројатно оти Путин е подготвен да седне на преговарачка маса со Украина и да ги повлече своите војници. „Повторен привиден мировен дпоговор, каков што на крајот беше договорот Минск II, според мене е целосно неприфатлив“, рече Лехте.

Покраински избори во Германија и војната во Украина

Идејата на Шолц да ги седне Украина и Русија на преговарачка маса не е изненадување за аналитичарите. Горкиот пораз на Социјалдемократите на покраинските избори во источните германски покраини Саксонија и Тирингија веројатно е една од причините за коментарите на канцеларот, како и претстојните покраински избори во Бранденбург, исто така на истокот од Германија, кои ќе се одржат на 22 септември. Покраински премиер моментално е сопартиецот на Шолц, Дитмар Војдке.

Алекс Јусупов, шеф на програмата  за Русија во фондацијата Фридрих Еберт, смета дека Шолц на овој начин го поддржува Војке и сака да сигнализира дека и во Берлин исто така се размислува за „фактот дека војната подобро е да се заврши порано отколку подоцна - исто така и со преговори, а не само со воени средства“. Во интервју за ДВ, политикологот нагласува дека популистичките партии го користат во своја полза, ако канцеларот го игнорира прашањето за војната во Украина.

Украинскиот политиколог Володимир Фесенко претпоставува  дека Шолц се обидува да постигне некаква политичка рамнотежа. „Тој третира еден тренд. Темата за мировни преговори во моментов активно се дебатира и затоа Шолц, особено по неодамнешната средба со Володимир Зеленски, одлучи да се произнесе за тоа“, вели Фесенко. Тој е убеден дека канцеларот сака да се прилагоди на домашните политички расположенија и со тоа да ја зајакне сопствената позиција во пресрет на изборите на сојузно ниво следната година.

Володимир Фесенко очекува мировни преговори по претседателските избори во САД
Володимир Фесенко очекува мировни преговори по претседателските избори во САДФотографија: Amalia Oganjanyan

Но, Фесенко посочува и дека Шолц поставува нови акценти. Досега се застапуваше ставот дека единствено Украина треба да одлучува кога и под кои услови ќе почнат преговори со Русија. „Сега Шолц малку поинаку го формулира тоа, но неговата изјава не содржи ништо конкретно и ништо сензационално“, вели Фесенко. Тој смета дека дебатите за мировни преговори значително ќе се зголемат по претседателските избори во САД во ноември годинава.

Дали Германија сè уште има некакво влијание врз Русија?

Андриј Мелник, поранешен амбасадор на Украина во Германија, неодамна изјави за „Берлинер Цајтунг“ дека тој лично „верува оти канцеларот Олаф Шолц може да биде креативен и да ги искористи постоечките дипломатски канали на Германија за да испита дали разговори со Путин би имале смисла“.

Но, што тоа конкретно би значело? Политикологот Алекс Јусупов смета дека Берлин не може да испорачува оружје на Украина и истовремено да фигурира како неутрален посредник во преговорите. „Германија го загуби целосно влијанието во Русија. Кремљ не го гледа Берлин како независен чинител“, вели експертот. Германија е на страната на Киев, па Берлин дефинитивно нема да иницира „Минск III“, смета Јусупов.

Алекс Јусупов не гледа Германија да игра посредничка улога
Алекс Јусупов не гледа Германија да игра посредничка улогаФотографија: DW

Во меѓувреме, Кремљ воздржано реагира на предлогот на Шолц за зголемување на дипломатските напори. Според Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, во моментов нема предуслови за почеток на мировен процес меѓу Русија и Украина. Нема декларација од „земјата што го диригира целиот овој процес и колективниот Запад“, рече тој алудирајќи на САД.

Украина потсетува на формулата за мир

Премиерот Денис Шмихал на 10 септември ги увери новинарите дека Киев сака да убедипретставник на Русија да присуствува на следниот мировен самит со цел да „спречи манипулација од страна на Руската Федерација и да им ја покаже на сите учесници или нивната способност, или неспособност да преговараат за мир“. Во јули Москва одби да учествува со образложение дека Русија „не прифаќа ултиматуми“ кои ја следат „формулата“ на украинскиот претседател.

Во меѓувреме, Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, на Телеграм потсети дека единствениот пат до правдата е „исклучиво украинската формула за мир, нормите на меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.