Зеленски сака да му претстави на Бајден „план за победа“.
23 септември 2024Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечера вечерта објави дека пристигнал во САД за да му ги претстави на американскиот претседател Џо Бајден деталите од неговиот „победнички план“ со цел да се стави крај на руската инвазија, давајќи гаранции дека оваа есен ќе биде одлучувачка.
„Пристигнавме во САД. Главна цел е да се зајакне Украина и да се заштити целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир благодарение на меѓународните напори“, рече Зеленски на социјалната мрежа Х.
„Планот за победата на Украина ќе биде на масата на нашите сојузници“, додаде тој.
Во видео порака од авионот објавена на истата мрежа, Зеленски рече дека заминува за американската сојузна држава Пенсилванија so „специјална порака“, пред Њујорк и Вашингтон.
„Оваа есен ќе биде одлучувачка за продолжување на војната“, рече тој, додавајќи дека претседателот Бајден прв ќе ги види деталите за предлозите на Украина за прекин на војната со Русија.
Зеленски потоа планира да им го претстави планот на „сите лидери на земјите партнери“, како и на американскиот Конгрес и на двајцата кандидати за претседателските избори во САД, демократската кандидатка и потпретседателка Камала Харис и на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп.
Зеленски треба да се обиде да го убеди Бајден да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, што тој верува дека може да го промени текот на војната.