1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Започна руското еднострано прогласено примирје за Божик

ЖА / агенции
6 јануари 2023

Едностраниот прекин на огнот во Украина од 36 часа за време на Божик, објавен од рускиот претседател Владимир Путин, официјално стапи на сила.

https://p.dw.com/p/4LoTC
Руски војник во Украина
Руски војник во УкраинаФотографија: Konstantin Mihalchevskiy/SNA/IMAGO

Од десет часот претпладнево по московско време, стапи во сила еднострано примирје за време на православните Божиќни празници,

кое синоќа го најави рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ го образложи донесувањето на одлуката за 36-часовнен прекин на огнот со тоа на верниците да им овозможи да присуствуваат на богослужби.

Украинското раководствого отфрли повикот за молк на оружјето, со аргументација: мир е можен само доколку се повлечат руските сили од Украина. Киев во потегот на Москва гледа само „стапица и цинична пропаганда“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во руската најава за примирје гледа изговор чија цел е запирање на пробивот на украинските трупи во Донбас, снабдување со муниција и преместување на руската војска поблиску до украинските позиции.  

 Истовремено, од Русија инсталираните политичари во окупираните украински територии јасно ставија на знаење дека по потреба ќе користат оружје, прогласот на Путин се однесуваединствено на напаѓачки акции од страна на руската страна. „Тоа не значи дека нема да одговараме на провокации на противникот! Или дека на непријателот ќе му дадеме било каква шанса за време на примирјето да ги подобри своите позиции на линијата на фронтот“, напиша на својот канал на Телеграм Денис Пушилин, човекот кој во име на Кремљ управува со администрацијата во окупираната област Доњецк.

Претставниците на руската окупаторска власт во источниот дел од Украина, кратко по почетокот на примирјето за руската државна новинска агенција Тасс денеска изјавиле: „Точно во 12 часот по локално време, во моментот на стапување во сила на прекинот на огнот, Доњецк се најде под украински артилериски оган“. Дали руската страна реагира на наводните стрелби, засега е нејасно.