1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Мобилните телефони ги издале руските војници во Макиивка

ЖА / агенции
4 јануари 2023

По украинскиот ракетен напад врз зграда во градот Макиивка, Москва призна грешка и го коригираше бројот на загинатите руски војници на 89. Наводно, користењето на мобилните телефони ја издало нивната локација.

https://p.dw.com/p/4LiOv
Доњецк, украински ракетен напад врз руски војници во Макиивка
Доњецк, украински ракетен напад врз руски војници во МакиивкаФотографија: RIA Novosti/SNA/IMAGO

„Бројот на нашите мртви другари се искачи на 89“, изјави генерал Сергеј Севријков во видео кое синоќа го објави руското Министерство за одбрана во Москва. Во видеото тој тврди дека под урнатините се откриени дополнителни тела на загинати. Генералот соопшти дека е формирана комисија за расветлување на околностите околу нападот, но „уште сега е јасно дека главна причина за нападот било масовното користење на мобилни телефони од страна на војниците на домет на непријателското оружје“, без оглед на забраната. Севријков најави преземање низа мерки заради спречување на вакви инциденти во иднина, како и казни за одговорните.

Украинската војска во новогодишната ноќ извршила напад врз провизорна касарна на руските трупи во Макиивка, во областа Доњецк во источниот окупиран дел од Украина, користејќи ги испорачаните ракетни фрлачи од типот Химарс од САД. Во невообичаен манир Москва во понеделникот призна дека загинале 63 нејзини војници. Загубите спаѓаат во најтешките кои ги бележи Русија при еден поединечен напад од почетокот наруската инвазија врз Украина во февруари минатата година.

Украина, која ја презеде одговорноста за нападот, соопшти значително повисока бројка на загинати руски војници, зборувајќи за неколку стотици.

Инцидентот во Русија разгоре критика на сметка на военото раководство на интернет. Повеќе руски воени репортери, чие влијание во земјата во меѓувреме е пораснато, обвинија руски воени команданти за неспособност да научат од поранешните грешки. Освен тоа, курсираат извештаи според кои војниците биле сместени во необезбедена зграда во близина на склад со оружје, кое при нападот екслодирало.