1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запалена шведската амбасада во Багдад

ЖА / агенции
20 јули 2023

Стотици демонстранти во ирачкиот главен град упаднаа во дипломатското претставништво на Шведска, гневни поради најавата за палење на примерок на Коранот во Шведска.

https://p.dw.com/p/4U9gG
шведска амбасада  Багдад
Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз шведската амбасада во БагдадФотографија: Ahmed Saad/REUTERS

Разгневени демонстранти синоќа накратко навлегоа во шведската амбасада во Багдад и запалија одделни простории. Очевидци сведочат дека многумина од демонстрантите успеале да ги прескокнат заштитните огради, извикувајќи пароли како „Да, да за Коранот“, а снимки на социјалните мрежи прикажуваат оган и облаци чад над зградата.

Багдад шведска амбасада
Демонстранти ја прескокнуваат заштитната ограда на шведската амбасада во БагдадФотографија: Ahmed Saad/REUTERS

Протестот беше инициран од приврзаниците на влијателниот ирачки шиитски водач, Моктада ал-Садр, како реакција на планираното палење на примерок на Коранот пред ирачката амбасада во Стокхолм, за што шведската полиција веќе издаде дозвола. Според шведската новинска агенција ТТ, одобрена е акција во која едно лице ќе запали примерок на Коранот и ирачко знаме. 

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во постојан контакт со своите соработници во Багдад и тие се наоѓаат на безбедно место. „Ги осудуваме нападите врз дипломати и соработници на меѓународни организации“, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека заштитата на дипломатските претставништва е задача на ирачките безбедносни власти. За време на синоќешните немири, на видеата не се гледа голем отпор на припадниците на ирачката безбедност.

Багдад шведска амбасада
При нападот врз шведската амбасада во Багдад, демонстрантите носат и фотографии на Моктада ал-СадрФотографија: Ahmed Saad/REUTERS

Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди нападот, а владата им издала налог на службите за безбедност „да ги преземат сите нужни мерки за расветлување на инцидентот и идентификување на извршителите“, како што изјави еден портпарол.

На крајот на јуни при масовна демонстрација пред Големата џамија во Стокхолм исто така беше запален примерот на Коранот, штово исламскиот свет предизвика жестоки протестии незадоволства. Во знак на протест, Мароко го повлече својот амбасадор од Шведска. За случајот се јави и папата Франциско, искажувајќи го својот револт и лутина.

Уништување или оштетување на примероци на Коранот во исламот важи за богохулство и во многу исламски земји тоа за последица има строги казни.