1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Извештај: Израел нуди еднонеделен прекин на огнот

СН/агенции
20 декември 2023

Според медиумски извештај, Израел понудил еднонеделен прекин на огнот во замена за ослободување на десетици заложници од страна на Хамас. Можност за прекин на огнот претходно навести и израелскиот претседател Херцог

https://p.dw.com/p/4aNGf
Ќе замолкне ли повторно оружјето во Појасот Газа?
Ќе замолкне ли повторно оружјето во Појасот Газа?Фотографија: SAID KHATIB/AFP/Getty Images

Израел, во преговорите за ослободување на заложниците од Појасот Газа, понудил уште една пауза во борбите од најмалку една недела. Како што објави синоќа (19.12.2023) американскиот информативен портал „Аксиос“, повикувајќи се на две израелски официјални лица и уште еден информиран извор, Израел очекува исламистичкиот Хамас за возврат да ослободи десетици заложници.

Израелскиот претседател Исак Херцог претходно навести дека неговата земја е подготвена да влезе во уште едно примирје во Појасот Газа, со посредство на странски држави.

Израелскиот претседател Исак Херцог
Израелскиот претседател Исак ХерцогФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Херцог како главни причини за прекинот на огнот ги наведе враќањето на заложниците кои ги држи Хамас и потребата поголема помош да стигне до блокираниот Појас Газа. 
„Израел е подготвен за уште една пауза во конфликтот, како и за дополнителна испорака на хуманитарна помош, за да се овозможи ослободување на заложниците“, рече Херцог.
Тој нагласи дека „одговорноста е целосно на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, и на остатокот од раководството“.

Се верува дека околу 120 луѓе сè уште се наоѓаат во заложништво на терористичката група Хамас и други палестински милитантни групи кои ја поддржуваат организацијата во Појасот Газа, ставајќи ги израелските власти под сѐ поголем притисок да се постигне договор за нивно ослободување.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Предлогот на Израел за прекин на огнот од најмалку една недела во замена за ослободување на околу 40 заложници бил даден преку посредникот Катар, објави порталот „Аксиос“. Станува збор за преостанатите жени, мажи над 60-годишна возраст и други заложници кои сè уште се држат во Газа, кои се болни или сериозно повредени и на кои им е итна потребна медицинска помош, се вели во извештајот на порталот „Аксиос“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема