1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Војна на Блискиот Исток: Западниот брег пред експлозија

Макс Цандер
23 октомври 2023

По терористичкиот напад од Хамас на 7 октомври Израел и натаму извршува воздушни напади врз цели во Појасот Газа. Населението на Западниот брег, пак, очајот и бесот го празни на улиците. Од Рамала известува Макс Цандер.

https://p.dw.com/p/4XuO3
По неодамнешни демонстрации во Рамала, младите запалија гуми и фрлаа камења во правец на израелската војска
По неодамнешни демонстрации во Рамала, младите запалија гуми и фрлаа камења во правец на израелската војскаФотографија: Max Zander/DW

Улицата која води до џамијата Абфел Насер овој петок е полна со народ. Толку е голема навалата. Пред влезовите на продавниците, покрај изложени играчки и предмети од кожа во стојат редици верници, мажи и деца. Некои малите теписи ги послале на улиците. Деуги користат шалови или картони или клекнуваат на голиот асфалт за молитва, додека од звучниците на џамијата се огласува имамот.

Тоа што следува по проповедта е веројатно уште една причина плус зошто денеска тука има толку луѓе. Во Рамала на Западен брег, окупиран од Израел,  Палестинците мошне внимателно следат што се случува во Појасот Газа и како светот реагира на тоа. Изминатите недели различни групи повикуваа на протести. Па така и денес. Молитвата завршува и народот полека се придвижува во правец на главната улица. Протестот не е којзнае колку голем, но многуте знамиња, плакати и гласни извици не оставаат простор за дилема во однос на убедувањето на демонстрантите.

Голем број луѓе на петочните молитви во Рамала: Потоа следуваа протести
Голем број луѓе на петочните молитви во Рамала: Потоа следуваа протестиФотографија: Max Zander/DW

Бес кон Палестинските автономни власти

Извикуваат „Слобода за Палестина". Бесот на улиците е насочен кон многу нешта - израелските воздушни напади врз Појасот Газа, солидарноста на Западот со Израел, израелските окупатори во Западниот брег и Палестинските автономни власти. 

Во Западниот брег не владее милитантно-исламистичката Хамас, туку Палестинските автономни власти во кои доминира Фатах. Многумина Фатах ја перцепираат како слаба, корумпирана, неспособна и неефикасна, пред сѐ во актуелната ситуација.

Сабри Сајдам стои на маргините на протестот. Тој е заменик генерален секретар на Фатах. За него пред сѐ Западот е виновен за состојбата. Тој потсетува на говорот на претседателот Махмуд Абас во ООН во Њујорк и на неговито предупредување дека светот ги остава Палестинците на цедило. „Автономните власти имаат одговорност да си го штитат населението. Но, Израел ги уништува напорите и крева нови пречки”, вели тој.

Сабри Саидам, заменик генерален секретар на Фатах: „Израел поставува дополнителни пречки“.
Сабри Саидам, заменик генерален секретар на Фатах: „Израел поставува дополнителни пречки“.Фотографија: Max Zander/DW

Солидарноста со Хамас расте

Неговата партија Фатах и Хамассе историски непријатели. Па сепак во масата луѓе покрај палестинските знамиња и жолтите банери на Фатах, има и бројни зелени - на Хамас. Во екот на нападите на 7. октомври според податоци на војската на израелска страна се загинати 1.400 лица - војници и цивили. Хамас киднапираше околу 200 луѓе. Многу западни држави, меѓу кои и Германија и неколку арапски држави, Хамас ја категоризираат како терористичка организација. За многумина на Западниот брег таа е единствениот глас кој им останува. Така и за Исла Хиџаб. Професорката прво не сакаше да разговара со ДВ и вели дека медиумот е пристрасен, ционистички. Потоа успеваме да ја убедиме. „Ние не сме терористи, ние повеќе од 70 години се бориме за нашето право", вели таа. Хамас, вели Хиџаб, е дел од палестинското општество и треба да биде прифатена како таква.

Германија исто како и други земји, имаат двојни аршини кога се работи за животот на Палестинците и Израелците. „Ние бевме колонизирани, угнетувани, во Газа се случува геноцид и западните медиуми ги затвораат очите пред ваквите факти за да повторуваат како папагали дека Израел има право да се брани”, вели таа.

Некои демонстранти отворено го симпатизираат Хамас - вклучувајќи го и ова момче
Некои демонстранти отворено го симпатизираат Хамас - вклучувајќи го и ова момчеФотографија: Max Zander/DW

Страв за роднините во Газа 

Многу луѓе од Западниот брег имаат припадници на семејството во Газа. Според Хамас, повеќе од 4.300 лица се веќе загинати при израелските напади кои се реакција на теророт од Хамас. Многу луѓе во Рамала загубиле свои роднини или живеат во страв дека нешто може да им се случи. Па така и Хијам Мухамед Ибрахим. Нејзината ќерка е во Газа. Постарата дама стои на маргините од протестот, облечена цела во црно, во левата рака носи стуткано шамивче. 

„Бомбардираат згради со цивили во нив, тоа е срамно, зошто го прават тоа? Ќерка ми ми рече сѐ тресам, не можам да ги издржам бомбардирањата, секој ден, секој час има бомби. Не можеме да спиеме’”, раскажува постарата дама со треперлив глас. Ибрахим вели дека не може да им прости ниту на арапските држави. „Тие нѐ оставија сосем сами", вели таа и колабира, еден човек ја придржува, ù даваат вода, доаѓаат медицински лица.

Хијам Мухамед Ибрахим е многу загрижена бидејќи нејзината ќерка е во Појасот Газа
Хијам Мухамед Ибрахим е многу загрижена бидејќи нејзината ќерка е во Појасот ГазаФотографија: Max Zander/DW

2023 најсмртоносна година во Западниот брег

Настаните во Газа предизвикуваат бес и очај меѓу Палестинците на Западниот брег. Но, уште пред 7. октомври ситуацијата значително се влоши. 2023 е, според податоците на Агенцијата на ООН за координација на хуманитарни прашања, најсмртоносна година во Западниот брег од 2008 година до сега.  До почетокот на војната годинава се загинати повеќе од 29 Израелци, меѓу кои најголем дел еврејски доселеници. Наспроти тоа, 189 Палестинци го загубиле животот во судири со израелската армија или со вооружани еврејски доселеници. Израелските населби во Западниот брег се категоризирани како нелегални од Меѓународниот суд и ООН според меѓународното право.

Во неделите од почетокот на војната убиени се десетици Палестинци. Причина за тоа е ширењето на воената операција во која до сега се уапсени стотици Палестинци. Но, и насилството од страна на еврејските доселеници е значително зголемено. Палестинската организација за човекови права Ал Хак наведува дека по 7. октомври се убиени 80 Палестинци, меѓу кои 20 малолетни, во судири со израелски војници и вооружани доселеници. 

На крајот пукотници 

Кружниот тек во близина на џамијата е речиси празен, демонстрантите се движат во правец на израелски контролен пункт. Само дел од првичната поворка е тука, меѓу нив и една маскирана малолетничка. На друг кружен тек на околу 200 метри од израелската наслеба Бејт Ел, групата се собира под кровот на една бензинска пумпа. Брза помош на Црвената полумесечина стои подготвена на страна, исто како и медицински лица со блиндирани елеци, на кои на англиски и арапски стои: „Не пукај, не сум мета, туку лице за прва помош."

Овој 14-годишник е еден од фрлачите на камења - сака да ја одбрани својата татковина и да покаже отпор
Овој 14-годишник е еден од фрлачите на камења - сака да ја одбрани својата татковина и да покаже отпорФотографија: Max Zander/DW

Неколку младинци палат гума од автомобил. Црниот чад треба да ја помати видливоста за израелските војници кои стојат распоредени на високите ѕидини од населбата. Ситуацијата е тензична. Мало момче со жолт завој на главата фрла гума во огнот и се оддалечува. Повремено доаѓа по некој маскиран младинец и фрла камен во правец на војниците. Прашање е дали воопшто може да погоди нешто на таа оддалеченост. Еден од оние кои фрлаат има едвај 14 години. На прашањето зошто е тука вели дека сака да си ја брани земјата и на Евреите да им покаже дека има отпор и луѓе кои си ја сакаат земјата. 

Израелската армија не набљудува, туку има и пука. На просторот пред бензинската еден човек е ничкосан, двајца брзо му приоѓаат за да го однесат во брзата помош. Јасно видлива е крвта на местото. Во соопштение од израелската армија се вели за ДВ дека користена е боева муниција за да се прекине побуната. На крајот на денот Црвената полумесечина брои 16 ранети лица, само во Рамала. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи