Нигер: Воената хунта именуваше влада пред средбата на ЕКОВАС
10 август 2023Според соопштението прочитано на државната телевизија денеска (10.08), кабинетот на премиерот Али Махаман Ламине Зеине, кој беше назначен пред два дена, има 20 членови. Генералите Салифу Моди и Мохамед Тумба од владејачкиот Национален совет за заштита на татковината (ЦНСП) ќе ги преземат министерствата за одбрана и за внатрешни работи.
Со формирањето на влада, новите владетели во Нигер сакаат да ја консолидираат својата моќ пред денешниот состанок на EКОВАС во нигериската престолнина Абуџа. Воените претставници кои го соборија претседателот во Нигер ја осудуваат EКОВАС како организација која е „на плата“ на поранешната колонијална сила Франција.
Пред средбата, нигериското претседателство со ЕКОВАС соопшти дека државите членки на оваа организација „претпочитаат решение преку дипломатски канали, со мирни средства“, но сепак не се исклучува воена интервенција. На состанокот како набљудувач ќе присуствува и ополномоштеникот за Африка на германското Министерство за надворешни работи, Кристоф Рецлаф.
Ппретседателот на Нигер, Мохамед Базум беше соборен на крајот на јули и власта ја презеде војската. ЕКОВАС побара од војската да го врати претседателот и не исклучи воена интервенција како „последна опција“. Рокот истече во неделата навечер, без да дојде до воена интервенција.