1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со когенеративни централи во борба против загадувањето

ДТЗ
12 ноември 2024

Владата ќе бара спас од енормното загадување на воздухот во когенеративни централи коишто ќе произведуваат електрична енергија и гас. На тој начин ќе се намали употребата на дрвото, пластиката и нафтата за затоплување

https://p.dw.com/p/4muza
Христијан Мицкоски
Владата со изградба на когенеративни централи ќе се бори против загадувањето на воздухотФотографија: Petr Stojanovski/DW

Владата ќе бара спас од енормното загадување на воздухот во когенеративни централи коишто ќе произведуваат електрична енергија и гас. На тој начин ќе се намали употребата на дрвото, пластиката и нафтата за затоплување на домовите, а загадувањето на воздухот на тој начин би можело да се намали за 60 проценти. Ваквите планови ги соопшти премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

„Работиме интензивно, бидејќи најголемиот фактор за загадување е тоа што дрвата најчесто се користат за затоплување на домовите, но и се останато - масло, паркет, стари плакари... Тоа е околу 60 проценти од причините зошто имаме загадување и висока емисија на ПМ2,5 и ПМ10 честички. И тоа не се решава преку ноќ“, вели Мицкоски.

Во потрага со партнери за когенеративни централи 

Тој вели дека Владата е во потрага по партнери коишто врз основа на пазарни услови, заеднички со нив ќе вложат во систем на затоплување на домовите којшто ќе се базира на соговорување на природен гас, односно когенеративни централи кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас.

„Имаме во план да направиме неколку. И на тој начин цениме дека барем за 60 проценти ќе биде намалено загадувањето и почнуваме тоа да го развиваме. Тоа нема да биде скоро, можеби за три-четири години од денес, бидејќи досега ништо не е направено. Но, тоа е еден од начините како веднаш да реагираме и да направиме нешто за да го подобриме квалитетот на воздухот“, вели Мицкоски.

Тој е дециден дека нема друг начин. „Магија и чудо не постојат. Ако почнеме од денеска тоа да го развиваме, резултатите за три за четири години ќе ги очекуваме“, вели премиерот.  

Скопје загадување
Скопје деновиве е еден од најзагадените градови во регионот. Со почетокот на грејната сезона енормното присуство на ПМ честички во воздухот се чувствува не само во главниот град, туку и во речиси сите градови во внатрешноста. Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Ослободување од мазутот

Скопје деновиве е еден од најзагадените градови во регионот. Со почетокот на грејната сезона енормното присуство на ПМ честички во воздухот се чувствува не само во главниот град, туку и во речиси сите градови во внатрешноста. Опасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено. Најголеми загадувачи во текот на зимата и понатаму се согорувањето на дрвата, минералната прашина, којашто е поврзана со градежжништво и ресуспензија на прашина од улиците, согорувањето на отпад, како и согорувањето на нафта и мазут што најчесто се користи за загревање на јавните институции

Министерот за здравство, Арбен Таравари во понеделникот (11.11) најави дека на Влада поминал проект кој треба да стапи на сила од наредната година. Се работи за 10 болници каде што ќе се замени досегашното греење со мазут и нафта, со нови начини кои нема да го загадуваат воздухот. „Се надевам дека проектот ќе помогне многу“, вели Таравари.

Загадувањето на воздухот особено им штети на ранливите категории, како што се децата, бремените жени, повозрасните луѓе и они коишто имаат кревко здравје. Проценките се дека во Северна Македонија, годишно во просек 3.400 луѓе умираат заради аерозагадувањето со суспендирани честички, или 17 до 19 проценти се смртни случаи поврзани со загадениот воздух.  Според извештај на УНИЦЕФ, од 10 родени деца во земјата, едно починува поради загаден воздух.  

Течно дрво - спас за воздухот?