1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МузикаКосово

Виолончелистка од Косово за првпат во Србија

Сања Косовиќ | Александар Бугарин
21 септември 2023

Mладата виолончелистка од Косово, Маригона Комани, која годинава е дел од Младинскиот оркестар на Западен Балкан, за првпат ја посети Србија.

https://p.dw.com/p/4WLwU

Маригона Комани е млада виолончелистка од Косово. За разлика од повеќето нејзини врсници, таа во светот на музиката влегла многу подоцна, на 16-годишна возраст:

„Морав да се потрудам за да успеам, но на крајот - многу сум задоволна од резултатите“, вели Маригона.

Оваа година таа за првпат му се приклучи на Младинскиот оркестар на Западен Балкан:

„Главната работа за која сум тука е секако музиката, да стекнам повеќе искуство и да свирам со други млади музичари.“

Преку едномесечната турнеја со оркестарот, таа имаше можност за првпат да ја посети Србија. Но, таа и нејзините сонародници од Косово имале проблеми при преминувањето на границата:

„Немав многу време за обиколка на градот, бидејќи бевме многу зафатени со проби, а и стигнавме доцна, бидејќи како Албанци од Косово имавме проблеми на границата. Не можевме преку Црна Гора да влеземе во Србија, па моравме да преминеме преку Косово и да ја поминеме границата кај Мердаре. Така што за нас патот до Србија беше долг“, раскажува Маригона.

Според неа, во самиот оркестар младите не разговараат за политика. Сите дошле со иста цел - свирење и дружење:

„Мислам дека луѓето што ги знам од овде ќе ги познавам уште долго, долго време.“
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема