Младинскиот оркестар на Западен Балкан (WBYO) опфаќа десетици млади музичари од Балканот, меѓу нив и од Северна Македонија. Бујана Амети му се приклучи на оркестарот оваа година. Со неа разговаравме по концертот одржан на почетокот на неделава во Домот на културата во Тетово, на кој се слушнаа звуците на европската класична музика испреплетени со балкански тонови.