1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ветена земја - посебен туристички концепт

Абдулах Хоџиќ
9 јули 2024

„Ветена земја“ во близина на Благај, во Босна и Херцеговина, на своите гости им нуди целосна поврзаност со природата и локалната традиција, а според компанијата „Регионидо“ токму тоа го посакуваат 55 отсто од туристите во светот. Погледнете како изгледа одмор во срцето на Херцеговина.

https://p.dw.com/p/4hmMa

По повеќе од 17 години работно искуство во финансискиот сектор, Сеад Шашиваревиќ со сопругата Алвина му се посвети на животот во природа и туризмот. Во 2021 година, двајцата на 5 хектари земја создадоа свој мал рај наречен „Ветена земја“ или ОЗ. Пејзажот во срцето на Херцеговина им нуди интерактивно искуство на сите што го посетуваат.

„Одгледуваме органска храна, целосно здрава врз основа на пермакултурни принципи и нашите гости можат практично да научат повеќе за неа, па имаат и искуствен дел. Да ја пробаат нашата храна и зеленчук, потоа да ја берат, да ја научат босанската кујна, да испробаат како се прават мелеми и креми и секако да престојуваат во простор кој е содржајно богат во поглед на природата“, објаснува Сеад.

Што велат гостите, погледнете во видеото!