1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаУкраина

Украина се сеќава на „холодоморот“ пред 90 години

ЕМФ | агенции
26 ноември 2022

Украина денеска се сеќава на големиот глад пред 90 години, т.н. холодомор, кој во 1932/1933 година однесе неколку милиони животи.

https://p.dw.com/p/4K7Az
Музејот за холодоморот во Киев, Украина
Музејот за холодоморот во Киев, УкраинаФотографија: Bryan Smith/ZUMA Press/picture alliance

Украинскиот поим „холодомор“ означува убивање со глад и се однесува на периодот пред 90 години, кога советскиот властодржец Јосиф Сталин во 1932/1933 година со принудна колективизација на земјоделството предизвикал голем глад во земјата. Од глад починале повеќе милиони луѓе.

Повеќе земји го имаат означено „холодоморот“ како геноцид. Наредната недела тоа треба да го стори и Германија. Партиите од владеачката коалиција, СПД, Зелените и ФДП, како и пратеничката група на опозициската Унија, сакаат да донесат резолуција со која „холодоморот“ ќе биде оценет како геноцид. Во предлог резолуцијата за која треба да се гласа во среда (30.11), меѓу другото се вели дека „холодоморт“ е „многу трауматско, ужасно поглавје во сопствената историја, полно со страдања“.

„Холодоморт“ е „дел од нашата заедничка историја како Европејци“, кој е малку познат во Германија и ЕУ, се вели во предлог резолуцијата, со која од германската влада треба да се побара да придонесе кон сеќавање на жртвите. „Важно е да се затвори оваа дупка во историското сеќавање на многумина“, изјави пратеничката на Зелените, Робин Вагенер.