Близу 300 загинати во железничка несреќа во Индија
3 јуни 2023Според последните информации, најмалку 288 луѓе загинале во тешката железничка несреќа во областа Баласоре во индиската сојузна држава Одиша. Покрај тоа, има околу 900 повредени, изјави шефот на управата на Одиша, Прадип Кумар Јена, пренесуваат индиските новински агенции АНИ и ПТИ.
Со оглед на тоа што се веруува дека се уште има луѓе под превртените вагони, а спасувачката работа била дополнително отежната. со доаѓањето на ноќта, треба да се стравува од натамошно зголемување на бројот на настрадани. Но, веќе е јасно дека ова е една од најтешките железнички несреќи во последните децении.
Иако железничките несреќи се вообичаена појава во Индија, толку високи бројки на жртви се ретки дури и во земјата со 1,4 милијарди жители. Несреќата се случила во петокот вечерта (02.06.2023) околу 19 часот. Текот на настаните спроти несреќата се уште е нерајаснет и неколку часа по трагедијата, а ситуацијата на местото на несреќата останува конфузна.
Според досегашните сознанија, од шините излетале два патнички и еден товарен воз. На снимките од местото на несреќата се гледаат спасувачите кои во превртените и уништени вагони очајнички се обидуваат да ги спасат повредените патници.
Индискиот министер за железници Ашвини Ваишнау за новинската агенција АНИ, изјави дека наредил итна истрага за причините за несрежата возовите. Премиерот Нарендра Моди потресено напиша на Твитер: „Во овој час на тага, моите мисли се со ожалостените семејства“.
Набргу по несреќата, кабинетот на премиерот најави обештетување за роднините на загинатите од по 200.000 рупии (2.267 евра). Повредените, пак, треба да добијат по 50.000 рупии, а министерот за железници Ашвини Ваишнав вети и дополнителна отштета од еден милион рупии за роднините на загинатите.
Бројни спасувачи на местото на несреќата во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша