СЗО: Секои две минути умира по една бремена жена или родилка
23 февруари 2023Поради компликации за време на бременоста или породувањето, секои две минути во светот умира по една жена. Стапката на смртност на мајките е намалена за една третина во изминатите 20 години, се вели во извештајот објавен денеска (23.03) од страна на Светската здравствена организација и други агенции на ОН. Сепак, во 2020 година смртноста и натаму била голема - секој ден во текот на бременоста или при породување умирале по 800 жени, или приближно една на секои две минути.
Според ОН, најчестите причини за смрт се тешко крварење, инфекции, компликации од абортуси иболести како ХИВ/СИДА.
Вискока смртност на мајките има особено во најсиромашните региони во светот и конфликтните региони. Околу 70 отсто од смртните случаи регистрирани во 2020 година биле во африканските земји јужно од Сахара, каде што стапката е 136 пати повисока отколку во Австралија и Нов Зеланд.
„Бременоста би требало да биде време на голема надеж и позитивно искуство за сите жени, но трагично за милиони жени ширум светот тоа сѐ уште е застрашувачки опасно искуство“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Новата статистика, според него, јасно става до знаење дека „постои итна потреба да се осигура дека сите жени и девојки да имаат пристап до основните здравствени услуги и да можат целосно да ги остварат своите репродуктивни права“.