1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МиграцијаАвстрија

Шверц на луѓе: Камион со 53 мигранти запрен во Австрија

Улрике Кваст
28 август 2023

Осомничените шверцери ги превезувале луѓето во мал камион. Меѓу мигрантите, од кои повеќето дошле од Турција, имало и мали деца.

https://p.dw.com/p/4VdRE
Шверц на луѓе во Австрија
Полицијата откри 53-ца мигранти во мал камион во АвстријаФотографија: Werner Kerschbaummayr/Fotokersch/APA/dpa/picture alliance

Австриската полиција соопшти дека 53-цата мигранти биле натискани во задниот дел од малиот камион, сокриени со црна церада. Возилото било откриено при сообраќајна контрола во Линц. Според полицијата, бегалците, меѓу кои и неколку мали деца, го преживеале патувањето неповредени. Како што се претпоставува, тие веројатно биле на пат за Германија.

Според полицијата, најголем дел од луѓето во камионот дошле од Турција, исто како и тројца од четворицата уапсени осомничени шверцери на возраст од 18, 24 и 28 години. За четвртиот осомничен шверцер допрва треба да се разјасни националноста.

Германка уапсена како осомничен шверцер

Во Ојгендорф, кај Салцбург, се исто така приведени осомничени шверцери, меѓу кои и една жена од Германија, информира локалната полиција. Кога полицијата сакала да изврши контрола на мал камион, возачот го притиснал педалот за гас и загрозил други учесници во сообраќајот. Откако патот на камиончето бил блокиран од полициско возило, тоа удрило во него и застанало. Непосредно пред тоа, возачот и совозачката ги смениле местата. И двајцата се уапсени. Станува збор за Германка и Сириец, и двајцата на возраст од 21 година.

Според наводи на полицијата, во автомобилот имало единаесет „очигледно бегалци“, меѓу кои и семејство со четири деца. Тие се неповредени. При судирот се повредени двајца полицајци.

Во текот на изминатите години австриските власти постојано откриваат луѓе кои се шверцувани во возила и кои во Австрија доаѓаат преку т.н. балканска рута.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема