Судир на патнички и товарен воз во Индија
17 јуни 2024Во судир на патнички и товарен воз во областа Дарџилинг, во североисточна Индија, загинаа најмалку 7, а повредени се најмалку 39 лица, соопшти локалната полиција. При судирот од шините излетале три дела од патничкиот воз. Според информации од властите, на местото на несреќата се испратени лекари, болнички коли и тимови за спасување.
Индија има една од најголемите железнички мрежи во светот и има доживеано неколку сериозни железнички несреќи. Во 1981 година, 800 луѓе загинаа кога воз излета од шините додека минуваше мост во сојузната држава Бихар и падна во река. Пред нешто повеќе од една година, речиси 300 луѓе загинаа во судир на три воза во сојузната држава Одиша.
Во последните години земјата инвестираше многу во модернизирање на железничката мрежа.