Штрајк парализира повеќе аеродроми во Германија
17 февруари 2023Работничката борба започна, изјави синоќа портпарол на Синдикатот за услужни дејности Верди во Хановер, најавувајќи го еднодневниот штрајк, кој ќе заврши ноќта кон сабота. Аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Штутгарт и Хамбург соопштија дека овој петок целосно го прекинуваат регуларниот патнички сообраќај.
Верди ги повика на прекин на работата вработените во јавната служба, копнениот персонал и службата за воздушна безбедност. „Вработените вршат притисок кај своите работодавачи од причина што во досегашните тарифни преговори не се постигнати никакви резултати“, изјави заменикот шеф на Верди, Кристине Беле, истакнувајќи дека не станува збор само забарања за повисоки плати, туку и за подобрени услови за работа.
„Невидена ескалација“
Според Здружението на аеродромите АДВ, предупредувачкиот штрајк ќе предизвика откажување на 2340 летови: „Повеќе од 295.000 патници стануваат топка во играта на предупредувачкиот штрајк на Верди. Ова претставува досега невидена ескалација“, критикува портпарол на АДВ.
„Верди го дуе тарифниот конфликт и го води врз грбот на патниците“, огорчено констатираше и Јост Ламерс, шеф на аеродромот во Минхен и претседател на Здружението на аеродромската бранша.
Во четвртокот само што се нормализираше работата на авиокомпанијата „Луфтханза“, откако дојде допад на компјутерските системипредизвикан од прекин на интернет-кабел при градежни работи кај Франкфурт. Кратко потоа дојде до нови проблеми, при хакерски напад врз веб-страниците на седум помали аеродроми, од што беа погодени и аеродромите во Диселдорф, Хановер, Нирнберг, Дортмунд и Ерфурт-Вајмар, чии страници беа делумно урнати.