1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилностГерманија

Компјутерски проблем во „Луфтханза“ – откажани летови

ЖА / агенции
15 февруари 2023

Технички проблем денеска предизвика пореметувања во работата на авионската компанија „Луфтханза“ низ цел свет, доаѓа до доцнење и откажување на летови.

https://p.dw.com/p/4NV20
Авион на „Луфтханза“
Авион на „Луфтханза“Фотографија: DANIEL ROLAND/AFP/Getty Images

Постои целосен пад на компјутерскиот систем на „Луфтханза“ во цел свет, дефектот доведува до доцнења илицелосно откажување на летови, засегнати се илјадници патници, потврди денеска портпарол на концернот. Вината за техничкиот проблем на најголемата германска авиокомпанија и предизвиканиот хасо во авиосообраќајот се наоѓа кај - Германска железница. Очигледно, при градежните работи на траса на железницата во Франкфурт багер пресекол повеќе кабли на мрежата на Дојче телеком. 

Германскиот весник „Билд“ јави дека се погодени системите за чекирање, како и за бординг. На аеродромот во Франкфурт настанува застој во авионскиот сообраќај, а на дел од патниците на „Луфтханза“ на летовите низ земјата им е препорачано да се префрлат за да патуваат со воз.