1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Што смее германската полиција?

Белинда Грасник
16 мај 2023

Каков облик на сила смее да се употребува? Истражувачки тим анкетирал 3300 засегнати луѓе и извршил разговори со полициски патроли. Одговорите се различни.

https://p.dw.com/p/4RRlL
олициско насилство во Германија
Дебата околу полициско насилство во ГерманијаФотографија: Philipp Schulze/picture alliance/dpa

Што смее да преземе полицијата? Ова прашање во Германија постојано се поставува во последните години, на пример на демонстрации и фудбалски дерби натпревари, но и при проверка на идентитетот. Одделни видео записи на полициски акции се дистрибуирани и на Твитер и Инстаграм со хаштагот #policeviolence (полициско насилство). Меѓу нив е и видео запис од август 2020 година при контрола на 15-годишник, кога неколку полицајци го совладуваат зашто со е-скутер возел по пешачка патека. Полицискиот синдикат (ГдП) тогаш соопшти дека тука не гледа полициско насилство.

Оценките заупотреба на сила во полициски операциичесто драстично се разликуваат. Токму со тоа се занимава истражувачкиот проект „Телесни повреди на полициските службеници на работно место“ . (KviAPol), кој детално ќе биде претставен во книгата „Насилство на работно место. Прекумерна употреба на полициска сила и начин на справување."

Истражувачите Лаила Абдул-Рахман, Хана Еспин Грау, Луизе Клаус и Тобијас Зингелштајн интевјуирале 3300 погодени и извршиле повеќе од 60 интервјуа со претставници на полицијата, правниот систем и центарот за советување на жртви. Примерокот не е репрезентативен. Ова е независен истражувачки проект и се разликува од студијата за секојдневниот живот на полициските службеници која за време на својот мандат ја нарача тогашниот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

2790 истраги против итни служби

Дали полициското насилство ќе биде означено за претерано, се разликува од една до друга личност. Во резимето на своите резултати истражувачкиот тим истакнува дека студијата се однесува на постапки „кои од перспектива на луѓе кои ги оценуваат, ги пречекориле границите на прифатливото.“ Тоа, наведуваат тие, не значи нужно и класификација на насилството за противзаконско.

Во 2021 година против полициските сили се водени 2790 истраги поради незаконска употреба на сила. Во повеќе од 90 проценти од случаите на сомнение, казнените постапки се прекинати, според податоци од државно обвинителство, обвиненија се подигнуваат само во два проценти од случаите. Освен тоа, како што наведуваат истражувачите, мнозинството засегнати не ни пријавува случаи поради слабиот изглед за успех или страв од репресии. Само 14 проценти од испитаниците во истражувањето навеле дека во нивниот случај е водена казнена постапка. 

 полициско насилство Германија
Мнозинството засегнати не ни пријавува случаи на полициско насилство поради слабиот изглед за успех или страв од репресии, велат истражувачитеФотографија: Marius Bulling/Ostalb Network/picture alliance

Тешки повреди и психички последици

Според наводите на испитаниците, насилство применувале претежно машки полицајци до 30 години. Наводно често биле присутни неколку патроли, но не применувале сите сила. Во 26 проценти од случаите насилство стигнало од само еден полицаец, често имало туркање или удари, а солзавец и водени топови имале голема улога на масовни настани.

19 проценти од анкетираните претрпеле сериозни повреди како скршени коски или повреда на зглобови и чувствителни органи.

Несигурност во поглед на законско постапување

„Ситуации кои вклучуваат употреба на сила од страна на полицијата можат да се опишат како сложени, често збунувачки и напнати интеракции кои се предизвикани од интеракција на меѓусебни (ре)акции и надворешни околности“, пишуваат истражувачите во своето резиме. Дваесет проценти од погодените изјавиле дека полициската интервенција била причина за ескалација, но 19 проценти навеле дека непочитувањето на упатства довело до ескалација.

Во ескалирачки ситуации, употребата на сила може да биде неопходна гледано од полициска перспектива. Полициските службеници во разговорите повеќе пати истакнувале дека законот им е водилка, но се покажало дека „употребата на сила е дел од секојдневната полициска работа и дека во согласност со тоа се нормализира“, тврдат истражувачите, додавајќи дека постојат несигурност и различни идеи за тоа што е легално. За полициските службеници прагот на тоа што се опишува како претерана употреба на сила е релативно висок, констатирале истражувачите.

полициско насилство  Германија
Протест против полициско насилство во Лајпциг, 2022 годинаФотографија: Sebastian Willnow/picture alliance/dpa

„Воспоставување доминација“

Задача на полицијата е да обезбедува разјаснување на ситуации и спроведува одредени норми, интереси и толкувања. Полициската употреба на сила е пракса за да се воспостави доминација во одредени ситуации.

„За оние кои се погодени од претерана употреба на сила од страна на полицијата, на пример, доаѓа до ситуации во кои тешко можат да ги остварат своите права без механизми кои се спротивставуваат на доминацијата на полицијата“, велат истражувачите.