1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоСоединети Американски Држави

Што сѐ доживуваат бегалците од Украина во САД

Татјана Швајцер
3 јуни 2023

Од војната на Русија во Украина, бегалци спас бараат и во САД, каде наидуваат на помош, но и на измама и насилство.

https://p.dw.com/p/4QmkM
Украинска бегалка Ксенија Пенкова Калифорнија, САД
Ксенија Пенкова со ќерката во Калифорнија, САДФотографија: Tatjana Schweizer/DW

Кога Русија во февруари 2022 започна со нападот врз Украина, Ана била бремена во шести месец. Сакала да избега што е можно подалеку и се одлучила за САД. 

Американските власти само два месеца по нападотја стартуваа хуманитарната програма „Обединување за Украина” со којабегалци од Украина може да допатуваат во САД и да останат два месеца ако најдат т.н. спонзор, односно лице кое е подготвено да им пружа сместување и финансиска поддршка. На тој начин во првите 12 месеци се дојдени околу 130 илјади Украинци во САД. 

Како и десетици илјади други, Ана постирала барање во многу групи кои се појавуваат на интернет платформите во кои Украинците бараат семејства што би ги примиле. Неколку дена подоцна добила порака од семејство од Тенеси. 

Искористена заприбирање донации” 

Кога стасала во семејството, се нашла во неочекувано незавидна ситуација. Нејзините спонзори долго се противеле да и` помогнат да аплицира за социјални услуги, а кога конечно и` била исплатена помошта, фамилијата и наредувала како да ги троши парите. Наместо да ја носат на гинеколог, инсистирале на домашно породување. 

Речиси секој ден морала во некоја црква да раскажува за нејзиното страдање. „Ми беше непријатно да предизвикувам сожалување и да се претставувам како маченичка”, вели Ана, која едвај зборува англиски. Очигледно целта била да се собираат донации за да се реновира напуштено сместувалиште во кое спонзорите наводно планирале да сместат 20 бегалци од Украина. 

Украинската бегалка Ана (лево) во разговор со репортерка на ДВ
Украинската бегалка Ана (лево) во разговор со репортерка на ДВФотографија: Tatjana Schweizer/DW

Преселба во женска куќа 

Според сопствени наводи на Фејсбук страницата, семејството уште пред седум години спровело кампања за донации со цел „зачувување на историското наследство”. Новата кампања фамилијата ја водела под мотото „Помогнете им на украинските бегалци да најдат дом во Тенеси”.

И Ана помагала во реновирањето. Вели дека „едноставно ми дадоа алат и рекоа дека денес молерисуваме или чистиме прозорци”. Немала храброст да одбие, од една страна од благодарност, од друга страна заради целосната зависност од спонзорите. 

Релациите меѓу Ана и семејството што ја примило се влошиле, па кога тие ја сместиле во реновираниот простор без функционален тоалет и топла вода, Ана ги спакувала работите и со помош на волонтери нашла женска куќа за мајки и деца во Калифорнија. Од таму Ана ја нашла организацијата „Нова Украина” која поддржува Украинци погодени од војната. 

ДВ не контактираше со спонзорите на Ана, која стравува дека потоа би можеле да сакаат да и` наштетат. 

Голема подготвеност во САД 

Доживувањата како оние на Ана веројатно се исклучок, но сепак таа не е поединечен случај. Друга Украинка која се вика Ксенија имала спонзор преку Фејсбук, жена на иста возраст како и таа самата и по потекло од Украина, па сепак по два месеца со двегодишната ќерка Миријам завршила на улица. До кавга со домаќинката дошло откако Ксенија посведочила на сцена на насилство спрема ќерка и`. 

Подготвеноста за помош во американското општество е голема, вели Катја Мојсеева, која е координатор на „Нова Украина”. Многу Американци со искрени намери се пријавуваат како спонзори, но често за жал се покажува дека некои не ја процениле соодветно одговорноста што произлегува и не се способни да се носат со тоа. Така настануваат конфликти, а бегалците си бараат ново сместувалиште. Повеќе од 1200 лица, најчесто жени и деца, од активистите побарале минатата година помош во потрагата по кров над глава. Секоја десетта жена се соочила со некаква форма на насилство, вели Мојсеева.  

Катја Мојсеева Украина
Катја Мојсеева, координатор на организацијата „Нова Украина”Фотографија: Tatjana Schweizer/DW

Измама, злоупотреба, проституција 

Покрај тоа има и случаи со злоупотреба и измама. Некои пред сѐ добростоечки Украинци се согласиле да уплатат две до три илјади долари аванс по глава на човек за да се стекнат со спонзор во САД. По уплатата, од „спонзорите” немало ни трага, ни глас. 

Од други пак се барало да се обврзат да стојат на располагање како евтина работна сила во домаќинството или за нега на болни лица. 

Редакцијата на ДВ во различни форуми кои се посветени на програмата „Обединување за Украина” пушти лажни огласи за млада Украинка која наводно е во потрага по спонзор. Во десетина групи веднаш се појавија понуди за работа како ескорт дама при што се ветува „простор за домување и спонзор”. Во натамошната комуникација на виделина излезе дека всушност се работи за проституција.  

Американските власти во дилема 

Мартин Мушајд, организатор на една од групите во која се бараат и наоѓаат спонзори, вели за ДВ дека редовно брише барања од граѓани од трети држави, многу често Нигеријци. Тие им ветуваат на Украинките дека ќе им најдат спонзори во САД ако ги земат со себе како животен партнер, бидејќи ако едно лице е во врска со Украинец или Украинка и тие може во рамки на програмата да допатуваат во САД. 

Американските власти тврдат дека го контролираат секој спонзор, пред да ги одобрат документите. Нејасно е колку украински бегалци во САД до сега биле изложени на насилство или предмет на кршење на нивните права. На прашање на ДВ, Службата на САД за државјанство и имиграција која е централна национална институција за доселување и странци, не даде одговор. 

Сегашната регулатива за признавање како спонзор американските власти ги исправа пред дилема, сметаат активистите за помош на бегалците. Од една страна државата не сака да ги заостри критериумите за да може и натаму да доаѓаат Украинци. Од друга страна случаите со измама, заплашување и насилство против бегалците покажуваат дека се потребни поголеми контроли. 

*Имињата се сменети од редакцијата

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи