Српските политичари пред изборите кои се одржуваат во недела, 17 декември, решија да станат и тиктокери. Лицата кои досега „излегуваа дури и од фрижидер“, сега може да се видат таму каде што граѓаните можеби најмалку очекуваа. Ги прашавме младите во Србија како српските политичари се снајдоа во улогата на тиктокери? #dw_BalkanBooster
https://p.dw.com/p/4a91v
Реклама
Последниот месец, непосредно пред изборите, политичарите во Србија одеднаш почнаа да отвораат профили на ТикТок. Бидејќи младите најчесто слободното време го поминуваат на ТикТок, решивме да ги прашаме што мислат за настапот на домашните политичари на оваа платформа.