1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин и Ердоган разговараат за договорот за житото

БЈ | АРД | агенции
4 септември 2023

Во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин денеска е домаќин на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на разговорите веројатно ќе биде обновување на договорот за украинските житни култури.

https://p.dw.com/p/4VukK
Претседателите на Турција и на Русија, Ердоган и Путин на пресконференција по нивната средба во Москва во март 2020 година
Претседателите на Турција и на Русија, Ердоган и Путин на пресконференција по нивната средба во Москва во март 2020 годинаФотографија: Mikhail Metzel/ITAR-TASS/IMAGO

Минатата година во рок од четири месеца Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган остварија четири лични средби, но последната од нив беше минатиот октомври. Последната официјална посета на Турција пак, Путин ја оствари пред дури четири години. Ердоган од тогаш повеќепати бил во посета на Русија. Можеби затоа во јули годинава со убеденост најави дека „следниот месец претседателот Путин ќе ја посети Турција”. Август помина, најавената посета изостана. Путин од една страна заради потерницата разбирливо е дека не сака ниту да лета, ниту воопшто да го напушта Кремљ, од друга страна турско-руските односи од 2015 година не биле толку влошени. Тогаш турската војска погоди руски воен авион во турско-сирискиот пограничен регион.

„Ниски удари” од Анкара

Овој пат се работи за вербални „куршуми” кои го погодија Путин како изјавите на Ердоган при посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на јули во Истанбул дека „Украина бездруго заслужува да стане членка на НАТО”. Но, од руски агол на гледање врвот на провокацијата веројатно беше што Зеленски ја напушти Турција во придружба на пет украински команданти кои како воени заробеници беа пренесени во Турција и според руското сфаќање требало да останат таму сѐ до крајот на војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со турскиот колега Ердоган за време на посетата на Анкара во јули 2023 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со турскиот колега Ердоган за време на посетата на Анкара во јули 2023 годинаФотографија: Francisco Seco/dpa/AP/picture alliance

Тоа што Ердоган попушти за членството на Шведска во НАТО веројатно едвај ù да ја погодило Москва. Неколку дена подоцна Русија го напушти договорот за житни култури. Кон средината на август руската морнарица во Црно Море отвори оган врз турски товарен брод за да го присили да сопре. 

Ердоган има повеќе да изгуби

Ердоган со посетата во Сочи повторно се приближува до Путин, барем во физичка смисла, што е значајно ако се земе предвид дека двајцата претседатели репрезентираат култури во кои правењето исчекор кон другиот се смета за слабост. Но, за Ердоган не се во прашање само билатералните релации, туку и договорот за житните култури во чие преговарање посредуваше и за што доби големо признание на меѓународно ниво, но и од домашните гласачи. Обновување на договорот за него е од големо значење и затоа темата е на врвот на агендата за Сочи. Уште кон крајот на минатата недела во Москва се сретнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Лавров и Фидан, за да ја подготват средбата на двајцата претседатели. Фидан по состанокот изјави дека Турција вложува интензивни напори за обновување на договорот и дека „сега се обидуваме да ги разбереме аргументите и барањата на Русија и евентуално да ги исполниме”.

Брод со украинско жито во Црното Море
Брод со украинско жито во Црното МореФотографија: Stringer/AFP

Многу пречки

Се работи за тоа да не се повторат грешки и недослседности кои се појавиче првиот пат. „Нашата цел е одржлив договор”, рече Фидан. Една од забелешките на Русија е дека таа самата не профитира од договорот затоа што со него требаше да биде олеснет извозот на одредени стоки на кои нема наметнато санкции од ЕУ, како на пример ѓубрива за трети земји. Проблемот очигледно е во тоа што компаниите за бродски транспорт не може да обезбедат осигурувања за такви бизниси. Тука би можело ид помош да биде нова верзија на договорот. ООН заедно со Турција посредуваа за првиот договор, а и овој пат генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш испрати серија предлози до Русија во надеж дека ќе ја придобие Москва за планот.

Двете страни може да профитираат

Портпаролот на турската владеачка партија АКП, Омер Челик, вели дека „за да го спаси светот од криза со глад,  нашиот претседател со врвни финеси на дипломатијата ја отпочна иницијативата”. Ако успее планот за обновување на договорот, ќе профитираат и Путин и Ердоган. Рускиот претседател нема да биде предмет на обвинувањата дека со војната во Украина предизвикал криза со глад во светот. Ердоган пак, ќе добие повеќе тежина на светската политичка сцена што може да му послужи кај партнерите кога се во прашање турските интереси. Тоа веројатно доста ќе му олесни да се помири со подбивот дека повторно тој отпатува кај Путин, наместо обратно.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи