Русија се заканува со откажување на договорот за житото
25 април 2023Околу три и пол недели пред истекот на меѓународниот договор за извоз на жито од Украина, Русија повторно се закани дека ќе го прекине.
„Терористичките напади на режимот во Киев го загрозуваат продолжувањето на 'житниот договор' по 18 мај“, објави во текот на изминатата ноќ руското Министерство за одбрана. Русија, која самата ја започна војната против Украина во февруари 2022 година, ја обвинува соседната земја дека во март и април користела беспилотни летала за да ја нападне базата на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, кој е анектиран од Москва. Засега нема реакција од Киев.
Русија постојано со различни аргументи се заканува дека ќе го откаже договорот за жито, кој последен пат беше продолжен за 60 денаво средината на март. Неодамна, Москва повторно критикуваше дека договореното олеснување на санкциите за сопствениот извоз на ѓубрива не се спроведува како што треба.
По почетокот на инвазијата на Украина, Русија со месеци ги блокираше црноморските пристаништа на соседната земја. Со оглед на тоа што Украина е еден од најголемите извозници на земјоделски производи, се зголемија стравувањата од екстремно покачување на цените на храната и - како резултат на тоа - криза со глад во најсиромашните земји. Минатото лето, Обединетите нации и Турција со договорот за житотопосредуваа за да се стави крај на блокадата.