1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Средба на шефовите на американската и руската тајна служба

Тагесшау | ЕМФ
15 ноември 2022

Шефовите на американската тајна служба ЦИА и на руската тајна служба СВР се сретнаа во Турција. Тоа е прва средба на високи функционери на двете земји по почетокот на руската инвазија на Украина.

https://p.dw.com/p/4JWyr
Средбата се одржала на американска иницијатива (фото: директорот на ЦИА, Бил Барнс)
Средбата се одржала на американска иницијатива (фото: директорот на ЦИА, Бил Барнс)Фотографија: Brynn Anderson/AP/picture alliance

Директорот на американскат атајна служба ЦИА, Бил Барнс и на руската тајна служба СВР, Сергеј Наришкин, разговарале во Анкара, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Според изјава на Песков за руската агенција Тас, „средбата навистина се одржа“. До средба, како што се вели, дошло на иницијатива на САД.

Американската телевизија Си-Ен-Ен и весникот „Њујорк Тајмс“, како и повеќе други американски медиуми, претходно известија за средбата на Барнс и Наришкин, притоа повикувајќи се на информации од портпарол на американската влада. Според медиумските извештаи, Украина била претходно информирана за средбата.

Ова е прва директна средба на високи функционери од двете земји по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари годинава. Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека домаќин на средбата била турската тајна служба МИТ. Барнс е поранешен американски амбасадор во Русија и минатата есен отпатува за Москва кога, според американските разузнавачи, Русија се подготвувала да ја нападне Украина.

Предупредување од употреба на нуклеарно оружје

Според „Њујорк Тајмс“, на средбата не се зборувало за преговори за ставање крај на војната во Украина. Според американските медиуми, директорот на ЦИА, Барнс го предупредил шефот на руската разузнавачка служба Наришкин од последиците од употреба на руско нуклеарно оружјево Украина.

- повеќе: Русија: Многумина во ФСБ сметаат дека војната е загубена

Турција го потврдува тоа. Директорот за комуникации на турскиот претседател, Фахретин Алтун, за новинската агенција АП изјави дека станало збор за „заканите за меѓународната безбедност, почнувајќи од употребата нануклеарно оружје“. Турција „ќе продолжи да преговара со сите релевантни страни за мир и нема да се двоуми да ја преземе иницијативата во процесот“, вели Алтун.