1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКосово

Србија реагира на тензиите во Косово

СН/агенции
27 декември 2022

Со оглед на „комплексната ситуација“ на северот на Косово, Србија ја стави својата војска во највисока готовност. Ова ги доведе неодамна обновените тензии во овој дел на Косово до нова ескалација.

https://p.dw.com/p/4LRn5
Размислува за испраќање на вооружените сили на Косово: српскиот претседател Александар Вучиќ
Размислува за испраќање на вооружените сили на Косово: српскиот претседател Александар ВучиќФотографија: Milos Miskov/AA/picture alliance

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, соопшти дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наредил „највисок степен на борбена готовност до ниво на употреба на вооружена сила“. Началникот на генералштабот, Милан Мојсиловиќ, претходно изјави оти Вучиќ го испратил на косовската граница поради „сложена ситуација“.

Утринава, Србите на северот на Косово поставија нови барикади во северниот дел на Митровица, како и на новиот мост кој од градот води кон Рашка. 

Курти: да се тргнат барикадите

На патријархот на Српската православна црква, Порфириј, во понеделниок му беше забранет влез на Косово и беше вратен од граничниот премин Мерадра, поради што, како што јавуваат медиумите, синоќа се сретнал со претседателот Вучиќ, но детали од разговорот не се соопштени.

Премиерот на Косово, Албин Курти, разговараше вчера во Приштина со командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристуча и шефот на мисијата Еулекс, Ларс Гунар Вигемарк, а на состанокот е оценето дека на ниту една сообраќајница на Косово не би смеело да има барикади.

Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристуча и косовскиот премиер Албин Курти во Приштина на 26 декември 2022
Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристуча и косовскиот премиер Албин Курти во Приштина на 26 декември 2022Фотографија: Kosovo government public affairs office/AP Photo/picture alliance

Повеќенеделни барикади

Барикадите кои Србите ги поставија на северот на Косово поради одлуката на Приштина за пререгистрирање на возилата со српски таблички се продолжени по апсењето на тројца Срби, меѓу кои е и поранешниот припадник на Косовската полиција Дејан Пантиќ, траат веќе 18 дена.

Србите кои ги организираа барикадите како услов за нивно отстранување бараат да се пуштат уапсените на слобода, како и повлекување на специјалните сили на полицијата од северот на Косово.

Демонстрации на косовските Срби - со огромно српско знаме во црвена, сина и бела боја (22 декември, 2022)
Демонстрации на косовските Срби - со огромно српско знаме во црвена, сина и бела боја (22 декември, 2022)Фотографија: Bojan Slavkovic/AP/dpa/picture alliance

На северот на Косово со години траат тензии, кои неодамна се интензивираа. Тамошните Срби, околу 50.000, не ги признаваат државните институции. Сообраќајот со недели е отежнат поради блокадите. Меѓународната заедница загрижено реагираше на најновите напади со огнено оружје на полицијата и шок гранатите на мисијата на ЕУ Еулекс. Нападната е и една воена патрола на НАТО.

Опасност од ескалација

Српската премиерка Ана Брнабиќ неодамна предупреди на опасност од ескалација. Двете земји се „навистина на работ на вооружен конфликт“, рече таа. Брнабиќ за тензиите го обвини раководството во Приштина.
Неодамна, Европската унија посредуваше за решение на жестоката расправија околу регистарските таблички. И Србија и Косово се стремат кон влез во ЕУ, што, меѓутоа, е невозможно без решение на спорот.