1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Франција не се смирува

СН/агенции
21 март 2023

По долг спор, пензиската реформа што ја турка претседателот Макрон е завршена работа. Во парламентот пропаднаа две гласања за недоверба на владата на иницијатива на опозицијата. Тоа предизвика нови насилни протести.

https://p.dw.com/p/4Oy8s
Хаос на улиците во Париз по синоќешните (20 март 2023) демонстрации
Хаос на улиците во Париз по синоќешните (20 март 2023) демонстрацииФотографија: BART BIESEMANS/REUTERS

По неуспешните гласања за недоверба на француската влада во Националното собрание, голем број луѓе во многу градови ширум земјата излегоа на улиците да го изразат својот гнев поради усвоената реформа на пензискиот систем. На некои од протестите избувна и насилство. Во прв ред во главниот град Париз, каде дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, која употребила палки и солзавец. Медиумите јавуваат дека се уапсени најмалку 142 лица.

Запален смет на улиците на Париз по насилните протести по неуспешните гласања за недоверба на владата
Запален смет на улиците на Париз по насилните протести по неуспешните гласања за недоверба на владатаФотографија: YVES HERMAN/REUTERS

Во текот на ноќта се повредени 11 полицајци, повикувајќи се на полициски извори. Само во Париз распоредени биле околу 2.000 полицајци. Според Франс инфо, спонтани демонстрации имало и во други градови како Сент Етјен, Стразбур, Амиен, Каен и Тулуз. Меѓу другото, некои демонстранти палеа контејнери за отпад и носеа плакати со натписи како „И ние ќе употребиме насилство“, „На оружје“ или „Оставка на Макрон“.

Демонстранти опкружени од припадниците на полицијата во Париз за време на протестите по неуспешното гласање за недоверба на владата
Демонстранти опкружени од припадниците на полицијата во Париз за време на протестите по неуспешното гласање за недоверба на владатаФотографија: YVES HERMAN/REUTERS

Француските партии кои се против планот минатата недела поднесоа два предлога за гласање недоверба откако претседателот Емануел Макрон и премиерката Елизабет Борн одлучија да ги искористат своите уставни овластувања планот за реформи да помине без гласање во парламентот.

Пратениците во Националното собрание во понеделник 20 март гласаа по две иницијативи за недоверба на владата
Пратениците во Националното собрание во понеделник 20 март гласаа по две иницијативи за недоверба на владата Фотографија: Lewis Joly/AP Photo/picture alliance

Француските пратеници вчера ги отфрлија двата предлога за гласање недоверба на владата, што доведе до усвојување на планот за пензиските реформи. Прво се гласаше за иницијатива за гласање недоверба, која ја предложија центристите и левичарите, и таа беше одбиена со само 9 гласови разлика, за недоверба гласаа 278, а за поддршка на владата 287 пратеници. Потоа се гласеше за иницијатива за гласање недоверба која ја преложи крајната десница, но неа ја поддржаа само 94 пратеници.

Во горниот дом на парламентот, Сенатот, владеачките конзервативци имаат мнозинство, и таму реформскиот закон беше усвоен.

Француската премиерка Елизабет Борн говори пред пратениците во Наационалното собрание спроти гласањата за недоверба на нејзината влада
Француската премиерка Елизабет Борн говори пред пратениците во Наационалното собрание спроти гласањата за недоверба на нејзината владаФотографија: Lewis Joly/AP Photo/picture alliance

Со оглед на тоа дека двете гласања за недоверба пропаднаа, законот се смета за усвоен, но се очекува да биде поднесен до Уставниот совет на Франција пред да стапи на сила. За тоа време, синдикатите за денеска закажаа нов голем протест ширум Франција. Тие бараат целосно повлекување на законот.

Реформата која ја форсира францускиот претседател Макрон, со цел да избегне рецесија поради стареење на популацијата, се состои во подигнување на старосната граница за заминување во пензија, од 62 на 64 години.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема