1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажни берзи на криптовалути ги мамат граѓаните

ДТЗ
12 јули 2024

Граѓаните се советуваат да не отвараат сомнителни линкови, поради лажна кампања којашто се шири на платформи за тргување со криптовалути

https://p.dw.com/p/4iE55
биткоин хакер
Сомнителни платформи за тргување со криптовалути им ги празнат џебовите на граѓанитеФотографија: zephyr18/imago images

Лажни ветувања за брза заработка на сомнителни платформи за тргување со криптовалути ги мамат граѓаните, кои често место со профит, остануваат со куси ракави. Кампањите се особено агресивни изминатиот период на социјалните мрежи, но  непознати лица  и преку приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Граѓаните се советуваат да не отвараат вакви сомнителни линкови, поради лажна кампања којашто се шири на платформи за тргување со крипто валути

Зачестена појава

За оваа зачестена појава алармираше и Секторот за Компјутерски криминал во МВР. Тие укажуваат дека 
кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали .
Во објавите се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.

УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите.

биткоин
Лажни ветувања за брза заработка на сомнителни платформи за тргување со криптовалути ги мамат граѓаните, кои често место со профит, остануваат со куси ракави.Фотографија: imago/Ikon Images

Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени, бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување. „Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција“, велат од Секторот за компјутерски криминал.

Моментално оваа кампања е доста распространета на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на измамата.

Стотици лажни сајтови

Постојат стотици лажни сајтови и лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути. Почетната објава има форма на имитирање на некој од македонските портали и линк кој води до страница на страницата minishouts.com .

Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка, но оваа банка не издава изводи од банка на физички лица.

На страниците има еден куп фотографии од познати личности во Република Северна Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате.

Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) - што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари.

Поради тоа, Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Копање на биткоини на „вулкански погон“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема