1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСирија

Ирански гардисти загинаа во воздушен напад во Сирија

СН/агенции
20 јануари 2024

Иран го обвинува Израел: Припадници на моќната иранска револуционерна гарда повторно беа убиени во воздушен напад во Дамаск. Израел и натаму молчи за обвинувањата.

https://p.dw.com/p/4bUqk
Урнатини во Дамаск по воздушниот напад за кој Иран го обвини Израел
Урнатини во Дамаск по воздушниот напад за кој Иран го обвини ИзраелФотографија: LOUAI BESHARA/AFP/Getty Images

Четворица високи функционери на иранските безбедносни сили се убиени во  воздушен напад во главниот град на Сирија.

Иранската револуционерна гарда го обвини Израел за нападот, во кој, како што наведуваат, загинале четворица воени советници, како и членови на сириските сили.

Израел не ги коментираше овие тврдења. Земјата со години извршува напади врз цели во Сирија поврзани со Иран. 

Ваквите напади се интензивираа по разгорувањето на војната меѓу Израел и Хамас по нападот на земјата на 7 октомври.

Спасувачи на местото на воздушниот напад во Дамаск
Спасувачи на местото на воздушниот напад во ДамаскФотографија: LOUAI BESHARA/AFP/Getty Images

Високи функционери на Револуционерната гарда, главната политичка, воена и економска сила на Иран, се наоѓаат во Сирија од почетокот на граѓанската војна во земјата, во 2011 година, помагајќи му на режимот на претседателот Башар ал-Асад во борбата против широкиот отпор.

Нападите денеска се случија во населбата Мазе, во југозападен Дамаск, во областа на воениот аеродром, седиштето на ОН во овој град, и на амбасади и ресторани.

Иранската полуофицијална новинска агенција Мер јави дека во нападот загинале шефот на разузнавачката служба на иранската Револуционерна гарда за Сирија, неговиот заменик и уште двајца членови на гардата.

Претходниот месец, висок командант на гардата беше убиен во наводен израелски воздушен напад на периферијата на Дамаск.

Тензиите на Блискиот Исток се високи од 7 октомври, кога Хамас започна напад врз јужен Израел, при што загинаа околу 1.300 луѓе, главно цивили, а одведоа 240 заложници во Газа.

Има сомнежи дека на таа територија сѐ уште се наоѓаат повеќе од 132 заложници.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Близу 25.000 луѓе се убиени во Газа откако Израел започна воена одмазда, според Министерството за здравство под контрола на Хамас.

Израел тврди дека неговите операции на земја и во воздух се насочени кон уништување на Хамас.

Конфликтот доведе до загриженост дека војната може да се прошири низ регионот, особено меѓу лутите ривали Израел и Иран.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема