1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈапонија

Се запали патнички авион при слетување на токискиот аеродром

ЕМФ | Тагесшау
2 јануари 2024

Авион со повеќе од 350 патници и членови на екипажот се запали при слетување на токискиот аеродром Ханеда. Патниците се евакуирани.

https://p.dw.com/p/4anKX
Јапонија Токио авион во пламен
Авионот на „Јапонија Ерлајнс“ гори на пистата на аеродромот Ханеда во ТокиоФотографија: Issei Kato/REUTERS

На меѓународниот аеродром Ханеда во Токио се запали патнички авион. Несреќата се случила при слетување на авионот. На сликите во живо од јапонската телевизиска станица ТБС може да се види како патниците го напуштаат авионот преку лизгалка додека се гасне пожарот, а на асфалтот има запалени остатоци од леталото.

Сè уште не е јасно зошто се запалил авионот на „Јапонија Ерлајнс“. Постојат сомневања дека се судрил со авион на крајбрежната стража. На снимките може да се забележи огнена топка каква што настанува по експлозија.

Јапонија Токио авион во пламен
Во авионот имало 367 патнициФотографија: Kyodo News/AP

Ербасот А-350 е сериозно оштетен. „Јапонија Ерлајнс“ соопшти дека сите 367 патници од авионот се евакуирани. Во авионот на крајбрежната стража, кој исто така изгорел, имало шест лица. Петмина од нив се сметаат за исчезнати. Евакуиран бил само пилотот. Авионот бил на пат кон регионалниот аеродром Нигата за да однесе хуманитарна помош во регионот погоден од земјотресот.

Ханеда е еден од најпрометните јапонски аеродроми, на кој поради новогодишните празници има голема сообраќајна фреквенција.