САД планираат пристаниште за внесување помош во Појасот Газа
8 март 2024Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека армијата на САД ќе изгради провизорно пристаниште на средоземноморскиот брег на Појасот Газа, за преку него да може да се внесува хуманитарна помош за регионот во кој се води војна. Притоа, не се планира стационирање на војниците во Појасот Газа, тврди Бајден. Тој дополни дека САД ќе соработуваат со европските и регионалните партнери за да создадат коалиција за помош. Со брод преку Кипар во Појасот Газа би требало да се носат храна, вода, лекови и сместувалишта за итни случаи.
Претставник на израелската влада, кого го цитира Ројтерс, тврди дека Израел „во целост“ го поддржува градењето на пристаниште за хуманитарна помош. Во средата, израелскиот весник „Хаарец“ објави дека Израел сака да дозволи влез на помош во Појасот Газа по морски пат за првпат од почетокот на војната пред пет месеци. Израел, како што се вели во извештајот, за то постигнал соодветен договор со меѓународни институции, кои не се наведени.
Во својот говор за состојбата на нацијата американскиот претседател Бајден рече дека во Појасот Газа од почетокот на војната се убиени повеќе од 30.000 Палестинци. „Повеќето од нив не се членови на Хамас“, рече Претседателот, додавајќи: „Илјадници и илјадници се невини жени и деца.“