1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

САД: Дополнителни обвинувања против Доналд Трамп

ЖА / агенции
28 јули 2023

Обвинителството го прошири обвинувањето од 37 точки против екс-американскиот претседател – тој побарал од свој близок соработник да ги избрише снимките од безбедносните камери во Мар-а-Лаго за да ја попречи истрагата.

https://p.dw.com/p/4UUp1
екс американскиот претседател Доналд Трамп
Проширено обвинението против екс американскиот претседател Доналд ТрампФотографија: Gerald Herbert/AP Photo/picture alliance

Во т.н. афера со документи, против поранешниот американски претседател Доналд Трамп се формулирани нови обвиненија, што произлегува од тукушто објавен судски документ. Покрај Доналд Трамп и неговиот асистент Волт Наута, во случајот е инволвирано и трето лице.

Во дополнувањето на обвинителниот акт на Трамп му се става на товар меѓу другото и тоа што од свој соработник побарал да ги избрише евентуално за него оптоварувачките снимки од безбедносните камери на својот имот во Флорида, за да ја попречи истрагата. Првпат во актите поименично се споменува и асистентот на Трамп, Карлос Де Оливиера во улога на помошник во криењето на доверливи владини документи.

Не сум виновен“

Трамп прв пат се соочи со обвинението во јуни, поради тоа што нелегално на својот имот Мар-а-Лаго во Флорида чувал документи со највисок степен на доверливост. Во август 2022 година американската федерална полиција ФБИ изврши претрес во неговата вила и заплени бројни документи со печат на најголема државна тајност.

На првиот судски термин за случајот, во сослушувањето минатиот месец поранешниот претседател се изјасни за невин. Судскиот процес против Доналд Трамп треба да започне на 20 мај 2024 година, што е среде изборната кампања за идните претседателски избори во САД, кои се одржуваат на почетокот на ноември, а 77-годишниот политичар има намера да учествува на нив.

Трамп ги отфрли новите обвиненија како „очаен обид“ на неговиот наследник на државната функција Џо Бајден и на Министерството за правда во Вашингтон, да го шиканираат него и неговото опкружување. Против мене немаат ништо во рака, тоа го знае и специјалниот обвинител Џек Смит, тврди републиканецот Трамп.На Трамп освен тоа му се заканува и трето обвинение во врска со претседателските избори во 2020 година и упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година. Во неделите по изборите, Трамп креираше расположение пласирајќи лажни тврдења дека му е украдена изборната победа преку масивни изборни фалсификати. Во двата случаи истрага против него води специјален обвинител.