1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија изврши нов масовен напад со проектили врз Украина

ЖА
8 јануари 2024

Русија продолжува со серијата тешки воздушни напади врз Украина. Според украинската војска, нападнати се цели во неколку региони. Киев добива нова поддршка од Јапонија.

https://p.dw.com/p/4ayCg
Украина војна
Аларм поради воздушна опасност низ цела Украина - КиевФотографија: Alina Smutko/REUTERS

Руските воздухопловни сили повторно извршиле масовен ракетен напад врз Украина. Во понеделникот наутро, украинските медиуми објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро. Според набљудувачите, десетина стратешки бомбардери истрелале  крстаречки ракети  врз цели во Украина, а се користеле и хиперсонични ракети Кинжал. Воздухопловни тревоги биле објавени низ цела Украина, а според украинската војска, неколку региони биле посебно погодени.

Во меѓувреме, спасувачите ја продолжуваат работата во источниот украински округ Покровск, повеќе од еден ден по тешките руски ракетни напади во кои загинаа најмалку единаесет лица. Во погодените места, кои се во делот на регионот на Доњецк под контрола на Украина, продолжува потрагата по жртви под урнатините, изјави претседателот Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој им се заблагодари на сите спасувачи кои се на лице место уште од саботата вечерта.

Сериозните напади во саботата вечерта го потресоа не само окружниот град Покровск, туку и градот Ривне. Според официјалните украински информации, ракета погодила куќа на шестчлено семејство, бомбардирањето беше извршено со користење на пренаменети противвоздушни ракети С-300.

Во неделата беа пријавени и смртни случаи од  руско гранатирање  во јужниот украински регион Херсон. Две лица загинаа, а неколку други се повредени, напиша воениот гувернер Олександар Прокудин на Телеграм: „Руската армија денеска неколку часа континуирано ги гранатираше станбените области на Херсон.“ Меѓу другото, погоден бил пазар и неколку станбени згради.

Јапонија и` ветува на Украина помош за одбрана од беспилотни летала

Нова поддршка за Украина доаѓа од Јапонија. За време на посетата на Киев, јапонскиот министер за надворешни работи Јоко Камикава и` вети на Украина помош во нејзината континуирана одбрана од руската агресорска војна. Јапонија ќе уплати 37 милиони американски долари (33,7 милиони евра) во фондот на НАТО, рече Камикава во неделата на заедничката прес-конференција со колегата Дмитро Кулеба. Овие пари потоа треба да бидат искористени за украинската воздушна одбрана и да се влеат во системите за откривање на беспилотни летала.

Украина се брани од руската инвазија повеќе од 22 месеци. Москва веќе употреби илјадници проектили против цели во Украина. Покрај тоа, Русија со месеци ја напаѓа соседната земја, особено со масивни борбени напади со беспилотни летала.

Јапонија ја поддржува Украина и, во согласност со Западот, воведе и санкции кон Русија. Претходникот на Камикава Јошимаса Хајаши и јапонскиот премиер Фумио Кишида исто така беа во Украина на разговори минатата година. Сепак, пацифистичкиот устав на земјата не и` дозволува на Јапонија самата да испорачува оружје на Украина.