1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Убедлива победа на Трамп на прелиминарните избори во Ајова

СН/агенции
16 јануари 2024

Доналд Трамп го направи првиот чекор до трета кандидатура за претседател на САД. Според очекувањата тој оствари убедлива победа на републиканските предизбори во сојузната држава Ајова.

https://p.dw.com/p/4bHzu
Доналд Трамп им се обраќа на симпатизерите во Де Моин, Ајова
Доналд Трамп им се обраќа на симпатизерите во Де Моин, АјоваФотографија: Brian Snyder/REUTERS

Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, е убедлив победник на првото внатрепартиско гласање за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД во 2024 година. Според едногласните прогнози на американските медиуми Трамп победил на прелиминарните избори во сојузната држава Ајова со преку 30 процентни поени разлика пред гувернерот на Флорида Рон Десантис, кој го зазеде второто место. Поранешната амбасадорка на ОН, Ники Хејли, беше трета, пред милионерот Вивек Рамасвами.

Трамп, и покрај судските процеси со кои моментално се соочува, освои 50,9 отсто од гласовите во Ајова, Десантис 21,4 насто, а Хејли 19 отсто, додека Рамасвами освои околу 8 насто од гласовите на прелиминарните избори , јавуваат американските медиуми врз основа на излезните анкети.

Доналд Трамп убедливо водеше и во анкетите пред гласањето во Ајова
Доналд Трамп убедливо водеше и во анкетите пред гласањето во АјоваФотографија: Evelyn Hockenstein/REUTERS

Ова е најубедлива победа на некој републикански кандидат на внатрепартиските избори во Ајова - досегагешен „рекордер“ беше Боб Дол, кој во 1988 година освои 12,8 отсто повеќе гласови од неговиот најблизок конкурент.

Милионерот Вивек Рамасвами веднаш по првите резултати од изборите во Ајова најави дека се повлекува од трката за републикански претседателски кандидат и го поддржа Доналд Трамп во говорот кој го одржа.

Во Ајова живеат помалку од еден процент Американци, но внатрепартиските избори во таа држава се симболично важни бидејќи укажуваат на насоката во која ќе се одржат претседателските избори. Таа држава е важна како прв официјален показател за перспективите на кандидатот на националната сцена.

Поддржувач на Доналд Трамп во Ајова оди на гласање на внатрепартиските избори за кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД
Поддржувач на Доналд Трамп во Ајова оди на гласање на внатрепартиските избори за кандидатот на Републиканската партија за претседател на САДФотографија: Andrew Harnik/AP/picture alliance

За осум дена републиканците во поумерениот Њу Хемпшир ќе го изберат својот кандидат за изборите, а според анкетите на јавното мислење, забележливо е дека предноста на Трамп во оваа држава е многу помала, а Ники Хејли е на убедливото второ место, додека Десантис е далеку зад нив.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи