По изборите во Бугарија - три опции за формирање влада
3 октомври 2022Резултатот од изборите беше предвидлив дури и од 47. парламент, поради што се покажа како бесмислен. И тогаш Бугарите не сакаа ново гласање, а до последните часови на 2 октомври социолозите известуваа дека мнозинството сака пред се власт, дури и по цена на сериозни компромиси. Не затоа што едни не сакаат да го ликвидираат антикорупцискиот модел, а другите - да го вратат старото статус кво. Туку затоа што никој нема сила решително да надвладее. За ова беа свесни голем број гласачи од двете страни на јазот. А инфлацијата и геополитичката криза ја ставија пред сите други поделби, желбата за редовно, стабилно управување.
Што не разбраа партиите
Тоа беше најсериозното црвено светло, кое повеќето партии не го зедоа предвид. Ова ја објаснува и слабата изборна активност и казнениот глас за „Има таков народ“ (ИТН) - за само година и пол од прва политичка сила падна под бариерата од 4 проценти.
ГЕРБ и ДПС не го зедоа предвид фактот дека со рушењето на владата на Кирил Петков со помош на ИТН ја туркаат државата кон избори на кои „Промената Продолжува“ (ПП), дури и да биде поразена, нема фатално да се стопи. А ПП наместо да ја води администрацијата со втор или трет мандат во 47-то Народно Собрание, се коцкаше да извојува категорична победа на ново вонредно гласање, а во својата самодоверба дури одби предизборна коалиција со Демократска Бугарија (ДБ). Партијата на Кирил Петков и Асен Василев се покажа како изборен донатор дури и за „Преродба“, а во прелевањето на гласачите меѓу неа и најблиската ДБ, таа се покажа како победник, добивајќи назад околу 15.000 гласови од ноември. И покрај тоа што ДБ е единствената од формациите на поранешната владина коалиција која не загуби, нејзиниот раст е незадоволителен.
„Преродба“, иако го удвои резултатот, не достигна заканувачки размери и не стана партија на протестното гласање. И покрај неоспорниот успех, ДПС не може да излезе од изолација и да се брендира како евроатлантска партија со симболичниот и светски санкционираниот „Магнитски“ Делан Пеевски.
Првиот шаховски потег на ПП по победата
Актуелниот ГЕРБ тешко може да формира стабилен кабинет, дури и Бојко Борисов да не е премиер и едноставно да ги „даде“ своите заменици на програмска, експертска, евроатлантска влада - се додека може, максимум до следното локално гласање следната есен. Особено откако ПП го одигра првиот шаховски потег ала ИТН - категорично во опозиција, без консултации со претходните коалициски партнери и отфрлајќи ја дури и можноста за генерален парламентарен сојуз со ДБ, за да го земе првиот мандат за кабинет.
Категоричното барање на ПП да биде опозиција, кое само по себе е целосно легитимно, во сегашната собраниска конфигурација ја предодредува судбината на 48-от парламент. Не затоа што не доаѓа предвид формирање влада со мандат на ГЕРБ, туку затоа што единствена цел на сите парламентарни партии ќе биде како подобро да се позиционираат за ново гласање. ГЕРБ ќе биде принудена барем да се преправа дали искрено прави сѐ за да формира влада. Затоа што најважно за секоја од седумте парламентарни партии ќе биде да не биде прогласена за виновна или ко-виновна, ако повторно одиме на избори.
Тоа ќе биде особено тешко за ДБ, која се позиционира како партија на разумот и дијалогот врз основа на националните приоритети. Со прелиминарниот став на ПП, таа е ставена во тунел на сомнеж дали не е соработник на ГЕРБ, па макар и само во опозиција да ги наметнува своите услови за отпор кон руската агресија, судските реформи и неинфлаторната економска политика. Одделно, ПП ја турка оваа коалицијата на либерални, конзервативни и зелени партии целосно надесно. БСП, многу охрабрена од „Преродба“, е под притисок и од ПП, која упорно се обидува да им ги одземе на социјалистите нивните теми, како што се пензиите.
Шансите за влада
Но, избори во никој случај нема да има веднаш, бидејќи во спротивно речиси сите ќе бидат виновни за нив. Засега се достапни неколку опции за управување.
Првата е ГЕРБ, ДПС и „Бугарски подем“ да коалицираат со помош на неколку пратеници од „Преродба“ што им недостигаат или да формираат малцински кабинет поддржан со променлив кворум. Втората е некои партии да не изненадат и да излезат со политичка креативност и да ја прескокнат линијата на поделба, искористувајќи ја надворешнополитичката динамика околу војната во Украина или досега непознатиот размер на економски закани кај нас. Третиот е парламентот да работи барем до Нова година, да се донесе буџетот за 2023 година предложен од официјалниот кабинет, како и некои други итни закони и тие ќе се гласаат со различно тематско мнозинство.
И напролет повторно да се оди на коцка на избори. Во кои ќе има уште помал одѕив на гласачите, или сериозна предност за силите на промените или старотот статус кво, или пак силно казнено гласање што ќе ја лансира „Преродба“ како втора или дури како прва политичка сила. А зошто да не се појави, под закрила на претседателот, некоја нова формација, на чело со министри како Кирил Петков и Асен Василев, но овој пат целосно налево? На пример, со Атанас Пеканов и Крум Зарков, која нова формација ќе стапне на агонијата на БСП и ќе ја среди ПП?