1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Израел ги прегладнува Палестинците

БГ /АФП
19 март 2024

Обединетите нации предупредуваат дека големите ограничувања на помошта за луѓето во појасот Газа, заедно со континуираните напади можат да се гледаат како користење на прегладнување како „воено оружје“

https://p.dw.com/p/4dtZe
Рафах Газа
Луѓе чекаат во ред за храна во РафахФотографија: Habboub Ramez/abaca/picture alliance

Комесарот за човекови права на ОН, Фолкер Турк ги осуди широкораспространетата глад и прегладнувањето во Газа.

„Состојбата на прегладнување и глад е резултат на широките израелски ограничувања за влез и дистрибуција на хуманитарна помош и комерцијални добра, раселување на голем дел од населението, како и уништувањето на клучната цивилна инфраструктура“, вели тој во соопштение.

„Обемот на постојаните израелски ограничувања за влез на помош во Газа, заедно со начинот на кој и понатаму се преземаат непријателски дејства, веројатно е користење на прегладнувањето како метод на војна, што е воено злосторство,“ вели Турк. Неговиот портпарол Џереми Лоренс во Женева изјави дека конечната пресуда дали „прегладнувањето се користи како воено оружје“, треба да биде донесена од овластен суд.

„Страдањето на луѓето во Газа е неморално“, додаде тој. 

По 200 жртви дневно од глад  

Претходно, ОН објавија проценка според која палестинските територии се соочуваат со масовна глад. Над 1,1 милиони луѓе се соочени со „катастрофална глад“. Над 300.000 луѓе би можеле да умрат од глад на северот на појасот Газа до мај годинава. Портпарол на хуманитарната агенција на ОН, изјави дека без помош однадвор „ќе умираат по 200 луѓе дневно од глад“.

Војната во Газа избувна по нападот на Хамас на 7 октомври на израелска територија во кој загинаа 1.160 луѓе. Израел одговори со офанзива во Газа во која, досега загинаа најмалку 32 илјади луѓе, повеќето жени и деца. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи