1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нови руски напади–аларм за воздушна опасност во цела Украина

ЖА / агенции
18 октомври 2022

Со нови ракетни и напади со дронови врз Украина, Русија предизвика активирање на алармот за воздушна опасност во целата земја. Погодени се станбени објекти и енергетска инфраструктура.

https://p.dw.com/p/4IJJn
Украина војна Киев
Нов руски ракетен напад врз КиевФотографија: Anna Voitenko/REUTERS

Властите од повеќе региони, меѓу кои и Харков, Днипропетровск и Миколајев, утрово јавуваат дека се активирани системите за воздушна одбрана, но на повеќе локации дошло до удари од ракети.

И  главниот украински град Киев  утрово повторно е на удар, градоначалникот Витали Кличко извести за повеќе експлозии во северниот дел од градот. На левиот брег на реката Дњепар,  е погодена енергетска постројка, и тоа со три ракети, објави на социјалните мрежи Кирило Тимошенко, заменик шпеф на претседателксиот кабинет.

Во Миколајев во ракетирањето ноќеска е погодена станбена зграда, спасувачките екипи од урнатините извадиле тело на еден станар, соопшти гувернерот Витали Ким. 

„Украина се наоѓа под окупаторски оган. Тие продолжуваат да го извршуваат она што најдобро го знаат: да тероризираат и убиваат цивили“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи го примерот во Миколајев – ракетиран е парк и пазар на цвеќе – „апсолутно мирни места".

И во Харков опасноста дошла од небо, градоначалникот Ихор Терехов јави за ракетни напади: „Во рок од пет минути во градот се случија две серии експлозии“. Според првите сознанија, погоден е и индустриски погон, а прекинат е железничкиот сообраќај.

Во Житомир ракетите погодиле енергетска структура, што се совпаѓа со  најавите на руската војска  дека нејзина цел се првенствено енергетските постројки. Во Житомир, град со околу 260.000 жители пред руската инвазија, по нападите нема ни струја, ни вода, болниците се снабдуваат со помош на агрегати. 

За напади врз бројни украински региони јавуваат и руски блогери, блиски на Кремљ, објавувајќи на социјалните мрежи мноштво фотографии и видеа со облаци црн чад над градовите, како документација за новите напади. Независна проверка на вистинитоста на овие, како и на снимките во украинските канали, не е можна.

Украинската војска јави и за редица одбиени напади. Владата во Киев упати повторна молба до Западот за испорака на поголем број системи за противвоздушна одбрана, со оглед на  интензивираните руски напади со ракети и дронови.