1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невреме во Хрватска и Србија: Починато дете и големи штети

ЕМФ | агенции
22 јули 2023

Невремето во Хрватска предизвика значителни штети. Во Србија почина 12-годишно дете, кое во текот на невремето било на отворено.

https://p.dw.com/p/4UFw5
Хрватска невреме
Невремето во Хрватска предизвика значителни материјални штетиФотографија: Matija Habljak/PIXSELL/XinHua/picture alliance

Силното невреме кое ја зафати Хрватскаво петок попладне (21.07) предизвика значителни штети на полуостровот Истра. Во Новиград дрвја паѓаа врз приколки, шатори и автомобили, јави регионалниот весник „Глас на Истра“ повикувајќи се на информации од властите. Повредени лица нема.

Облаци со дожд над Пула, Хрватска
Облаци со дожд над Пула, ХрватскаФотографија: Srecko Niketic/PIXSELL

Невреме кое е последица од суперклеточна бура вчеравечер ги зафати и Војводина и подрачјето на Белград, а големите дождови проследени со силен ветер предизвикаа проблеми во сообраќајот.

Како што објави порталот 021.rs, најлоши последици од невремето имало во Нови Сад. Таму за време на невремето загинало 12-годишно дете, најверојатно од гром или струен удар, а во месноста Детелинара невремето соборило кран на градилиштето, кој при падот оштетил три соседни згради. Како последица на невремето, делови од Нови Сад останаа без струја.

Нови Сад невреме
Последици од невремето во Нови СадФотографија: Aleksandar Djorovich/SNA/IMAGO

Нема крај на горештините во Грција

Во Грција, пак, не се наѕира крај на огромните горештини. Во текот на викендов се очекува искачување на температурата до 45-от степен. Противпожарната служба предупредува од голема опасност од пожари. Во моментов, најтежок пожар има кај местото Лаерма, на островот Родос, но туристите, како што се вели, не се во опасност.

Пожар кај Мандра, Грција
Пожар кај Мандра, ГрцијаФотографија: Sofia Kleftaki/DW

Топлотниот бран, според прогнозите, ќе трае и во текот на наредната недела. Во среда се очекуваат нови рекордно високи температури.