1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Размерите на катастрофата во Турција и во Сирија сѐ поголеми

СН/агенции
9 февруари 2023

Три дена по разорниот земјотрес во турско-сириската граница, бројот на загинати, според официјалните податоци, се искачи на повеќе од 16.000.

https://p.dw.com/p/4NGfA
Урнатините предизвикани од земјотресот во турскиот град Антакија
Урнатините предизвикани од земјотресот во турскиот град АнтакијаФотографија: Khalil Hamra/AP Photo/picture alliance

Во Турција досега има 12.873 потврдени жртви и 62.937 повредени во катастрофалниот земјотрес што беше почувствуван на почетокот на неделата, соопшти турската управа за цивилна заштита Афад во четвртокот навечер, јавува државната новинска агенција Анадолу. Во Сирија во земјотресот загинале, пак, 3.162 лица.

Погодените области првично беа тешко достапни, но како што напредуваше спасувачката работа, бројот на жртвите се зголемуваше.

„Не сум сигурен дали се живи“

Хуманитарните агенции предупредија дека бројот на жртви само ќе расте, особено во Сирија, каде спасувачките тимови бараат преживеани во илјадниците урнати згради и покрај многу студеното време и високиот ризик од последователни потреси.

Многу од преживеаните во Турција и во Сирија останаа без покрив над главата и спијат во автомобили, засолништа или надвор, на студ, дожд и снег во некои области. Во Турција веќе три месеци е прогласена вонредна состојба во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.

Во понеделникот рано наутро, земјотрес со интензитет од 7,7, според германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ), го погоди турско-сирискиот пограничен регион. Во истата област во понеделникот попладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.

Аја, „бебето чудо“ родено под урнатините во Сирија

Земјотресот што погоди делови од Турција и Сирија e најсмртоносниот потрес од март 2011 година наваму, кога речиси 20.000 луѓе загинаа во Јапонија откако земјотрес од 9 степени според Рихтеровата скала предизвика смртоносно цунами.