1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Нацистички симбол на дресот на Германија?

Дана Сумлаџи
3 април 2024

Дизајнот на фонтот на бројот 44 за дресот на германската репрезентација изгледа слично на логото на нацистичкиот Шуцштафел (Ес-Ес). Сличноста предизвика контроверзии. Затоа е донесена одлука за редизајн, кој ќе го добие и дресот со број 4.

https://p.dw.com/p/4eNtc

Фудбалските фанови укажаа на сличноста меѓу фонтот на бројот 44 и нацистичкиот симбол „Ес-Ес“, кој е забранет во Германија.

Играчите на националниот тим носат само броеви од 1-23, но навивачите може да ја нарачаат таа индивидуална опција.

„Ес-Ес“ беше паравоена организација на Адолф Хитлер и нацистичката партија, чии должности вклучуваа управување со логорите на смртта, во коишто беа убиени милиони Евреи и други малцинства. 

Адидас веќе престана да продава дресови со персонализирани броеви. Велат дека сличноста не била намерна и дека Германскиот фудбалски сојуз ќе развие нов дизајн на фонтот на број 4. Но, тоа можеби нема да биде одобрено пред Германија ова лето да биде домаќин на ЕУРО 2024. 

Адидас неодамна предизвика контроверзии со розовиот гостински дрес. Подоцна исто така беше откриено дека Најки ќе го замени германскиот бренд како спонзор на репрезентацијата во 2027 година.