1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Недостиг од пет милиони работници до 2060 година

ЖА / дпа
6 мај 2023

Проценки на експертите се дека во Германија во наредните децении ќе има на располагање многу помалку работници. Според една студија, без оглед на имиграцијата, пазарот на труд нагло ќе се намалува.

https://p.dw.com/p/4Qyxx
Работници Германија
Работници во Германија ќе има се` помалку на располагањеФотографија: Christoph Schmidt/dpa/picture alliance

Бројот на луѓе на располагање на германскиот пазар на труд, според прогноза на стручњаците, до 2060 година веројатно ќе се намали од 45,7 на 40,4 милиони. Проценките на Институтот за истражување на пазарот и професиите (ИАБ), се дека потенцијалот на работна сила во овој период ќе се намали за 11,7 проценти, земајќи предвид и фактори како демографски промени, наталитет, имиграција и емиграција. „Резултатите покажуваат дека претпријатијата ќе имаат многу помалку работници на располагање во наредните децении“, вели економистот Енцо Вебер од Институтот за пазар на труд и професии.

Повеќе жени и постари луѓе на пазарот на труд

Уште одамна Институтот предупреди дека ако не се превземат контрамерки, ќе дојде до пад на потенцијалната работна сила од седум милиони луѓе. Објавената проценка ги зема предвид контрамерките и бројни надворешни фактори како што се економските и демографски движења во странство, но и наталитетот. Резултатот останува отрезнувачки: потенцијалот ќе продолжи да опаднува за неколку милиони. Студијата предвидува позитивен развој на стапката на вработеност кај жените и постарите луѓе во идните години. 

За Германките помлади од 55 години стручњаците претпоставуваат стапката да порасне од 87 на 93 проценти, а за жените од странство од 67 на 77 проценти. Пресметките се засновани на претпоставката за пораст на наталитетот од 1,5 на 1,7 деца на една жена. „Третите земји стануваат се` поважни за ЕУ кога е во прашање миграцијата на работна сила. Затоа пречките мора да се отстранат дополнително, но истовремено мора да се направи нешто повеќе за да се осигура мигрантите да стекнат упориште на пазарот на труд и долгорочно да пронајдат перспектива во Германија“, вели Вебер. 

ЕУ  Германија
Се прогнозира намалено доселување на државјани од земји од ЕУ во ГерманијаФотографија: Oliver Boehmer/Zoonar/picture alliance

Дали ќе дојде до големо намалување на бројот на население?

Според студијата, имиграцијата од земјите од ЕУ како Полска или Романија значително ќе се намали со досегашните напори. Додека во Германија во последните десет години во просек доаѓале 900.000 луѓе од земји од ЕУ, во 2060 година ќе бидат само 600.000. Наспроти тоа, имиграцијата од трети земји ќе се зголеми од 240.000 на 500.000 луѓе. Истовремено, емиграцијата од сегашните 750.00 луѓе ќе се зголеми на еден милион.

Прогноза е дека во 2060 година во Германија ќе живеат само 72,6 милиони луѓе, што е околу десет милиони помалку отколку денес. Во прв ред веројатно нагло ќе падне имиграцијата од други земји од ЕУ, зашто животните услови таму се подобруваат, а демографската ситуација е понекогаш дури и понеповолна одошто во Германија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи