1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Муниција со осиромашен ураниум од САД за Украина

ЖА / агенции
7 септември 2023

Украина ќе добие муниција со осиромашен ураниум за американсккте тенкови Абрамс, најавија САД. Од Русија стигна жестока реакција.

https://p.dw.com/p/4W2dD
Американски тенкови Абрамс
Американски тенкови Абрамс - тие можат да користат и муниција со осиромашен ураниумФотографија: U.S. Army/abaca/picture alliance

Руската амбасада во Вашингтон ги осуди плановите на САД да ѝ испорачаат муниција со осиромашен ураниум на Украина како „јасен знак на нечовечност“. „Вашингтон, опседнат од идејата да ѝ зададе на Русија стратешки пораз, е подготвен не само да се бори до последниот Украинец, туку и да ги отпише идните генерации“, објави руската амбасада преку онлајн платформата Телеграм утрово.

„САД намерно испорачуваат оружје со спорно дејство, свесни за последиците: експлозијата (...) води до создавање движечки радиоактивен облак. Тоа покажува колку длабоко ранодушни се САД кон сегашноста и иднината на Украина и нејзините европски соседи“, објави руската амбасада, додавајќи дека руската армија ќе продолжи со систематско уништување на оружјето за Украина.

Претходно Министерството за одбрана на САД најави дека во рамките на новиот пакет  оружје кое ќе ѝ биде испорачано на Украина  во вредност од 175 милиони долари, е содржана и муниција со осиромашен ураниум со калибар од 120 милиметри за американските борбени тенкови Абрамс, кои Вашингтон ги вети во јануари.

Велика Британија уште пролетоска најави дека во одбранбената војна против Русија, на Украина ќе ѝ стави на располагање и муниција со осиромашен ураниум. Тоа беше повод рускиот претседател Владиир Путин да се закани дека таква муниција ќе биде обезбедена и за руската војска.

Осиромашениот ураниум е отпаден продукт кој настанува при облагородувањето ураниум за користење во атомските електроцентрали или при производството на атомско оружје. Тој е толку цврст што при ударот во целта не ја менува својата форма. Осиромашениот ураниум затоа се користи за зголемување на ударната моќ на гранати и бомби.

Користењето муниција со осиромашен ураниум според меѓународното право не е забрането, но таа е исклучително спорна, зашто металот е отровен - како за војниците,  така и за луѓето кои живеат во областа  каде се користи при војувањето. Осиромашениот ураниум е 60 проценти помалку радиоактивен во споредба со радиоактивниот ураниум во природна состојба.