1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоИзраел

МСП бара итно запирање на израелската офанзива во Рафах

ЕМФ | агенции
24 мај 2024

Меѓународниот суд на правдата нареди „итно“ запирање на израелската воена офанзива во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4gFdg
Хаг Меѓународен суд на правдата
Меѓународниот суд на правдата нареди „итно“ запирање на израелската воена офанзива во РафахФотографија: Nick Gammon/AFP/Getty Images

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска одлучи позитивно по барањето на Јужноафриканската Република (ЈАР)и побара од Израел веднаш да ги запре воените акции во Рафах. Според судиите, хуманитарната состојба во Рафах во меѓувреме е катастрофална и потребни се дополнителни мерки за да се спречат натамошни штети за цивилното население.

ЈАР досега повеќепати по итна постапка побара преземање мерки против Израел. Тоа се случува во рамки на тужбата за геноцид, која ЈАР ја поднесе во декември. Со две други одлуки судиите на МСП веќе го обврзаа Израел да стори сѐ за спречување геноцид и пружање хуманитарна помош. Според мислењето на Јужноафриканската Република, Израел ги игнорира овие одлуки на судот во Хаг.

Одлуките на МСП се обврзувачки, но судот нема начин како да го обезбеди нивното спроведување.