1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Макрон ја реконструира владата без чепкање на клучни ресори

Улрике Кваст
21 јули 2023

По тешкиот спор околу пензиите и неодамнешните немири, францускиот претседател Емануел Макрон го реорганизира својот владин тим. Шпекулациите за евентуална смена на премиерката Борн не се потврдија.

https://p.dw.com/p/4UD6j
Седница на француската влада
Седница на француската влада (архивска фотографија)Фотографија: Mohammed Badra/EPA/AP/dpa/picture alliance

Францускиот претседател Емануел Макрон ја реконструира владата една година по преземањето на функцијата. Важните сектори за економија (Бруно Ле Мер) и надворешна политика (Катрин Колона), како и за одбрана (Себастиен Лекорну) и правда (Ерик Дупон-Морети) не се засегнати, соопшти Елисејската палата во Париз. На функција останува и премиерката Елизабет Борн, за чија смена се шпекулираше со недели.

Ќе бидат сменети министрите за образование и здравство

Со Габриел Атал, Франција го добива најмладиот министер за образование во својата понова историја. 34-годишниот Атал, претходно заменик-министер за буџет, го наследува непартискиот историчар Пап Ндијаје на функцијата. Атал, кој на 29-годишна возраст стана најмладиот член на владата, важи за еден од политичарите во подем во владиниот табор.

Во владината реконструкција што се очекуваше со недели е сменет и министерот за здравство Франсоа Браун и неколку државни секретари. Наследник на Браун ќе биде Орелиен Русо, претходно шеф на кабинетот на премиерката Борн.

Според информациите од владиниот табор, нова во владата е и Оро Берже, досегашна шефица на пратеничката група на владејачката партија Ренесанса. 36-годишната Берже ќе биде нова министерка за солидарност и социјална кохезија.

Државната секретарка Марлен Скиапа, позната по своите отворени изјави и провокативни настапи - на пример на насловната страница на „Плејбој“ - веќе не е дел од новата влада. Таа беше критикувана и поради тоа што фондот за борба против екстремизмот, со кој управуваше таа, попусто трошел јавните средства.

Француската премиерка Борн и претседателот Макрон во Париз
Француската премиерка Борн и претседателот Макрон во Париз, 14.07.2023Фотографија: Ludovic Marin/AFP

Владата е под притисок

Макрон и владата се ослабени по неколкумесечна борба околувпензиската реформа во земјата, што на крајот беше спроведена. Владата, која нема апсолутно мнозинство во Националното собрание од парламентарните избори пред една година, не можеше да обезбеди сигурно мнозинство за својот клучен проект со гласовите на опозицијата. Под притисок ја ставија и масовните протести на населението против реформата. Дополнителени тешкотии владата имаше и по смртта на едно момче за време на полициска контрола, по што избија немири.