Фиона Шауман и Ерен Демиртекин веќе неколку месеци волонтираат во Македонија.
„Првото нешто што го забележав е дека имаше многу сообраќај. Првиот впечаток беше хаос. Си реков 'Боже, каде дојдов сега?' Но, по некое време сфатив дека тоа беше контролиран хаос, само не го видов тоа од самиот почеток“, раскажува Фиона.
Ерен вели: „Се чувствувам исто како дома, бидејќи кога сум овде, можам да слушнам многу турски зборови кога се разговара по улиците. Луѓето се многу дарежливи, тие се многу пријателски настроени.“
Македонскиот менталитет си има свои добри, но и лоши страни.
„Генерално, луѓето се многу поспонтани и помалку се планира. Навистина уживам во тоа, бидејќи навистина го намалува притисокот од сѐ“, вели Фиона, а Ерен укажува на една мана:
„Ми се допаѓа сѐ, освен тоа што луѓето премногу доцнат. Не се точно на време воопшто.“
Научиле ли нешто македонски и што сакаат најмногу да јадат, како и некои други нешта за волонтерите од странство во Македонија, погледнете во видеото.