Со Кристијан низ Македонија
Кристијан Цирпка во Македонија живееше над една година. За време на својата доброволна работа тој ја прошета земјата и ја засака. Придружете му се на Кристијан на патувањето.
Кањонот Матка
Во близина на Скопје се наоѓа кањонот Матка. Тој е една од најомилените локации за одмор и релаксација за луѓето од главниот град и за мене, едно од најубавите места во Македонија.
Прекрасниот Охрид
Градот и истоименото езеро во југозападниот дел од Македонија се една од најпознатите туристички дестинации во Македонија.
Неодолива убавина
Историските места од различни епохи, бистрото езеро и шармантниот стар дел на градот ме намамија повеќе пати за време на мојот доброволен ангажман да дојдам во Охрид, не само во лето.
Старата скопска чаршија
Овде може да се најдат јасни траги на османската епоха во Скопје. Низ сокачињата на стариот дел од градот се шетав многу пати. И вечерните излегувања најчесто ме водеа овде, во бројните кафулиња и барови.
Местото каде живеев
Малата населба Радишани во северниот дел од Скопје беше мое „седиште“ додека престојував во Македонија.
Настрана од градската врева
Ова мало место, кое многумина граѓани го сметаат за оддалечено и премногу рурално, е вистински рај за одмор, контраст и прибежиште од работата во Шуто Оризари и жештината и вревата во главниот град.
Скопска Црна Гора - Љуботен
На викенд понекогаш планинарам на Љуботен. На падините на планината лежат едно до друго македонско и албанско село. Без оглед на тензиите во минатото, јас радо сум тука, каде се среќаваат македонскиот и албанскиот начин на живот.
Водно
„Градската“ планина на Скопје е видлива и ноќе, благодарение на големиот крст на Водно.
Искачување кое се исплатува
Иако Крстот, изграден пред неколку години, некои го сметаат за предимензиониран, искачувањето или користењето на жичарницата до Водно се исплатува - наградата е глетка која ве остава без здив.
„Скопје 2014“
Центарот на Скопје доби нов лик преку проектот „Скопје 2014“. Не навлегувам во естетиката и смислата на античко - барокните градби. Но, радо одам во центарот, каде најјасно може да се се видат огромните промени на градот и општеството.
Богатство од вода
Околината на градот Струмица е позната по водопадите. Еден од нив го посетив на 2. август, националниот празник на Македонија.