Црноморската флота одбила напад со дронови во Севастопол
29 октомври 2022Воените бродови на руската Црноморска флота, според официјални руски наводи, во заливот кај Севастопол, на Кримскиот полуостров, анектиран од Русија, одбиле повеќе напади со дронови. „Во градот не е погоден ниеден објект. Ние ја чуваме присебноста, ситуацијата е под контрола“, соопшти гувернерот поставен од страна на Москва, Михаил Развошајев преку Телеграм. Спорд властите, бродскиот сообраќај во заливот бил првремено прекинат од безбедносни причини. Севастопол е важна база на руската Црноморска флота.
Украина постојано ја најавува намерата да си го поврати полуостровот Крим, кој се наоѓа под руска окупација од 2014 година. Со месеци таму се јавува за соборување дронови. Во четвртокот Развошајев изјави дека е пресретнат дрон чија цел била електрана на Крим. Полуостровот постојано го потресуваат експлозии, за кои Русија ја обвинува Украина, властите зборуваат за „саботери и терористи“. Украина не ја презема официјално одговорноста за нападите на Крим.