1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Апсења поради експлозијата на Керчкиот мост

ЕМФ | афп
12 октомври 2022

Руската тајна служќба ФСБ уапси осум лица за кои се сомнева дека се поврзани со експлозијата на Керчкиот мост кој го поврзува полуостровоот Крим со Русија.

https://p.dw.com/p/4I5AH
Во саботата (8.10) Керчкиот мост беше тешко оштетен од експлозија
Во саботата (8.10) Керчкиот мост беше тешко оштетен од експлозијаФотографија: Russian Investigative Committee/AP/dpa/picture alliance

Руската тајна служба ФСБ соопшти дека во врска со експлозијата на Керчкиот мост се уапсени петмина Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија, јавуваат руските агенции. ФСБ тврди и дека спречила два од страна на Киев планирани напади врз руска територија.

Во саботата (8.10) Керчкиот мост беше тешко оштетен од експлозија. Притоа загинаа три лица и беше предизвикан голем пожар. Во меѓувреме преку мостот, кој има големо стратешко и симболичко значење, повторно има сообраќај, но протокот на возила и луѓе е само делумен.

ФСБ во своето соопштение, исто како и претходно рускиот претседател Путин, за нападот на мсотот ја обвинува украинската воена тајкна служба и зборува за „терористички напад“. Според ФСБ, транспорот на експлозивот до мостот бил наводно координиран од агент во Киев.

- повеќеДали „бугарска трага“ води до експлозија на Керчкиот мост?

По експлозијата на мостот, Русија реагираше со ракетни напади врз Киев и други украински градови, при што, според украински наводи, загинаа 19 луѓе, а повредени се повеќе од сто.